BEE BOT for NATO ROUT

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Добри ЈовевскиОдделенски наставникООУ„Илинден“ Крива Паланка
Ученички тим1. Матеј Додевски
2. Алек Митровски
3. Сара Николовска
4. Мелани Бошковска
Возраст на децата креатори на играта9 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9-14 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Играта се состои со движење на пчелка – BEE BOT (пчелка која може да биде
програмирана според наши потреби на движење и тоа напред и назад и свртување на
лево и на десно).

Играта е наменета за запознавање и утврдување на соодветни информации за НАТО
Алијансата. Преку кодирање и програмирање од страна на учениците на соодветно
дизајнирана површина, роботот BEE BOT се движи до одговорот. На тој начин го
орктива одговорот и има право да продолжи со следното прашање. Доколку даде
погрешен одговор натпреварувачите се заменуваат и продолжува другиот играч.
Победник е оној кој има повеќе точни одговори и успешно програмирање на роботот да
дојде до точниот одговор.

Потребни реквизити:

  • Хамер кој е поделен на 30 еднакви полиња (квадрати) во секое поле има
    залепено знаме од држава членка на НАТО. Над секое знаме е напишано името
    на државата, а испод знамето има соодветен одговот од поставено прашање кое
    е поврзано со НАТО Алијансата.
  • Ленти со прашања сместени во посебен сад.
  • BEE BOT (пчелка која може да биде програмирана според нашите барања на
    движење напред и назад и свртување на лево и на десно).

Начин на игра:
Се влече едно прашање, се бара одговорот кај се наоѓа залепен на хамерот испод
знамето на државите членки на НАТО. Потоа пристапува кон програмирање на BEE
BOT да стаса до одговорот. Ако успешно стаса до одговорот има право да продолжи
понатаму со одговарање на следните прашања се додека не направи грешка во
одговорот или при кодирањето да се стаса до државата каде се наоѓа одговорот.
Доколку направи грешка натпреварувачите си ги заменуваат позициите.
Играта трае се додека не се одговорат сите прашања, а победник е оној натпреварувач
кој има дадено повеќе точни одговори.

Leave a comment