Чекори кон НАТО

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Билјана Ивановска   Професор   СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Делчево
Ученички тим1. Магдалена Ивановска
2. Гоце Аџиски
3. Бојана Симовска
4. Тамара Тричковска
Возраст на децата креатори на играта17 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате игратанајмалку 15 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Играта се состои од една табла на која што има 58 полиња.

На 29 од полињата има 29 различни прашања поврзани со НАТО (29 е симбол за бројот на членки во НАТО).

На останатите полиња има  години од државите кога станале членки на НАТО.За оваа играа се потребни најмалку 3 играчи,а бројот на најмногу играчи  е неограничен.Секој играч започнува од СТАРТ,со помош на коцка го мести својот симбол за онолку полиња за колку што добил на коцката.(Како симбол може да имате метални парички,капачки од шишиња и други мали ситни предмети според вашата креативност).

Кога играчот доаѓа на полето со прашање го повлекува ливчето под полето и го чита пашањето, доколку го одговори точно прашањето се поместува за едно поле напред,но доколку не го одговори се поместива за едно поле назад.Одговорите на прашањата се наоѓаат кај играчот кој ја контролира играта.

На некои од полињата на кои што нема прашања има напишано години.Играчот доколку стапне на тоа поле треба да одговори која е земјата членка која во дадената година станала членка на НАТО. Доколку не одговори останува на истото поле,а ако го одговори прашањето оди за едно поле напред и самиот тој си бира дали ќе го одговори прашањето поврзано со НАТО или не.

Во оваа игра играчите не се елиминираат еден со друг односно на исто поле можат да бидат повеќе играчи.

Оној кој што прв стигне до целта не е победник во играта,туку победник во играта е оној кој ќе одговори најмногу прашања. Таа евиденција ја води играчот кај кого се одговорите на прашањата. Во наставните часови тоа може да биде наставникот.

Leave a comment