Ментор/Автор | Професија | Училиште и град |
Кристина Стојанова | Ликовен педагог | ОУ„Гоце Делчев“ Битола |
Ученички тим | 1. Ангела Поп Гиновска 2. Матеа Стојанова 3. Филип Баљаров 4. Петар Сотиров |
Возраст на децата креатори на играта | 13-14 години |
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта | 12-18 години |
Упатство за игра- Чекори и правила за игра
Правила на играта:
- Играта е составена од : мапа за играње, 4 пиони,1 коцка, 50 картички со прашања и одговори поврзани со НАТО,картички со шанси и книжни пари, ;
- Играта е составена од 4 играчи и еден банкар;
- Мапата за играње е составена од 24 полиња од кои 16 се можност за одговарање на прашање за НАТО, 4 се шанса, 2 затвор,1 банка, и 1 старт;
- Играта се игра точно 30 минути, а банкарот е должен да го мери времето;
- Пред почетокот на играта банкарот на секој играч му дава по 2000 паричи;
- Најпрво сите играчи ја фрлаат коцката и оној со најголема бројка ја започнува играта и истата се движи во стрелките на часовникот;
- Секој играч ја фрла коцката и според добиениот број се движи по мапата за игра;
- Доколку играчот застане на поле со НАТО прашање има можност да одгоара на прашањето кое ќе го извлечи од картичките со прашања; Прашањето го чита банкарот и доколку одговорот е точен добива 200 парички, а доколку не е точен е должен на банката да и плати 500 парички;
- Доколку играчот застане на полето Банка добива 100 парички, а доколку застане на полето Затвор пропушта две фрлања и е должен на банката да и плати 200 парички;
- Доколку играчот ги помини сите полиња и повторно стигни на Старт, тогаш добива 100 парички,
- Доколку некој од играчите банкротира, за него играта е завршена;
- На 30 минути од почетокот на играта банкарот ја прекинува играта и пребројуваат кој колку пари има; Играчот со најголема сума е победник на играта;