Есеј на тема „НАТО“ – Ања Илиевска, ООУ„ Блаже Конески“ – Скопје, V-1

По завршување на Втората Светска Војна се јавила потреба да се спречат некои воени сили, кои ќе предизвикаат нова војна. Затоа е формирана  Северноатланската алијанса,  на 4 септември 1949 година.

Таа е воена алијанса на земји од Европа и Северна Америка. Нејзино седиште се наоѓа во Брисел, Белгија. Основана е од државите кои биле решени да ја зачуваат слободата и  цивилизацијата на својот народ, кој е заснован на демократија, индивидуална слобода. Секоја членка – држава го заштити својот  и туѓиот интегритет. Северноатлантскиот договор ја утврдува обврската за меѓусебна солидарност во случај на агресија од страна на една или повеќе членови, а сепак да го задржат правото  сами да одлучуваат за воените сили во случај на напад.

НАТО алијансата е посветена на мирно решавање на споровите, меѓу државите,  но ако дипломатскиот обид не успее, тогаш по воен пат го презимаат управувањето со кризата. Одлуките на НАТО  ги донесуваат сите 29 држави со консензус. Во главниот Штаб на НАТО, многу службеници секојдневно се состануваат и разменуваат информации, идеи и донесуваат одлуки кога е потребно.

Нашата држава претендира да биде триесеттата членка на НАТО алијансата. Долго време придонесува со својата армија во мисии на воени подрачја рамо до рамо со војниците на НАТО. Со влегувањето како рамноправна членка на Алијансата, нашата држава ќе има загарантирана слобода од надворешна агресија.Со тоа  децата ќе можат слободно да го минуваат своето детство. Само безбедна земја ќе биде има  среќни луѓе, кои и  економски ќе бидат посилни.

Име на авторот: Ања Илиевска

Родена-  15.2.2008г    (11год)

ООУ„ Блаже  Конески“     V-1 одделение

Скопје

Ментор – професор по одделенска настава: Јадранка Клисарова

Leave a comment