Есеј на тема „НАТО“ – Михаела Маџевска, ООУ „Блаже Конески“ – Скопје, V-1

НАТО е една од најглавните светски меѓународни  институции. Оваа организација е политичко воена алијанса и е составена од 29 земји членки од Европа и Северна Америка.

Овие земји се здружиле за  да соработуваат на полето на безбедноста и  одбраната. НАТО обезбедува врска помеѓу два континенти, политичка и безбедносна соработка.

Организацијата НАТО е формирана во далечната 1949 година, само неколку години по завршување на Втората Светска Војна. НАТО се посветува да ги штити своите членки,  преку политички воени средства. Со своите партнерства НАТО придонесува во спречување на конфликтот во рамките и надвор од границите од своите земји членки. Оваа организација промовира демократски вредности и се посветува на мирно решавање на спорови. Нејзината улога како политички воен сојуз е да обезбеди заедничка одбрана против различни форми на напади и да ја одржи безбедната средина за развој на демократијата и економски напредок. Преку Алијансата, Западна Европа и Северна Америка заеднички ја бранат својата независност и постигнуваат голема стабилност. Со зачленување на нови земји членки НАТО покажува спремност за прилагодување на интересите на поширокото членство.

Денес јас живеам во слободна држава, која е рамноправен член на оваа организација. Но, само за миг ми се појавува слика на далечни земји каде се водат војни и најмногу страдаат децата. Мојата желба е секое дете во светот да има среќно и безбедно детство во својата земја.

 

Име на авторот: Михаела Маџевска

Родена-  23.10.2008г    (10 год)

ООУ„ Блаже  Конески“     V-1 одделение

Скопје

Ментор – професор по одделенска настава: Јадранка Клисарова

Leave a comment