Кој е Прв

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Агапи ЧункоскаОдделенски наставникООУ,,Никола Карев,, – Крушево
Ученички тим1. Леона Јанкоска
2. Благој Христоски
Возраст на децата креатори на играта9-10 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта8-11 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Играта се игра со двајца ученици. Се изработува едно постоље од хартија на кое се
ставаат прашања за Нато скриени во школки Прашањата се за основни познавања за
Нато. И уште една школка со резервно прашање. Под секое прашање има кругчиња
како патека. Под едната школка 6 ,под другата 5, под третата 4, па 3,2 и 1. Под
резервната нема број. На страна лист хартија на кој пишува ученик 1 и ученик 2, на кој
се пишуваат бодовите на точните одговори. Секое прашање носи по 3 бода.

Потребни ресурси за играта:

-коцка за фрлање
-6 школки во кои има прашања
-1 школка со резервно прашање
-лист хартија на кој се пишуваат поените.

Почетен дел на играта:

Секој ученик фрла коцка. Онај ученик кој има најмал број со фрлање на коцка прв
одговара и бира прашање.

Тек на играта:

Првиот ученик бира број на прашање со фрлање на коцката. Го отвара прашањето,
одговара на истото. Доколку одговори точно му се пишуваат 3 бодови. Ако не го знае
одговара другиот ученик, ако тој одговори него му се пишуваат поени. Така се игра
додека се одговорат сите 6 прашања. Доколку двајцата ученици имаат ист број на
бодови се отвара резервното прашање. Така се одредува победникот на играта,,кој е
прв,,. Оваа игра е како еден вид квиз.
Играта се повторува.

Leave a comment