Кој знае, знае

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Мерита Трајкова   Одделенски наставник   ООУ,,Димче А Габерот,, – Демир Капија
Ученички тим1. Елена Палиниќ
2. Леон Цуни
3. Јордан Аргиев
4. Ива Павлова
Возраст на децата креатори на играта9 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Наставникот изработува од лист хартија алатка на која во внатрешната страна се запишани 8 прашања а однадвор се запишани редни броеви од 1 до 4. Наставникот повикува 4 ученика да учествуваат во играта. Еден од учениците ја држи играта во рака и ги знае одговорите на прашањата и одговара со точно/неточно, додека другиот ученик кажува колку пати да отвори во полето.

Пример: Во поле 4 ќе отвориш 6 пати,така ученикот кој што ја држи играта отвара вертикално и хоризонтално со прстите и застанува на 6 тото отварање и го чита прашањето. Каде што ученикот кој што кажа кое поле да се отвори треба да го одговори прашањето доколку не го знае прашањето одговара нареден ученик и тој доколку точно одговорил повторно бира поле.

Доколку никој не знае да одговори ученикот кој што ја држи играта одговара на прашањето.

Оној ученик кој што ќе одговори точно на повеќе прашања тој е победник.

Leave a comment