КОНКУРС – Учиме за НАТО

Почитувани професори, наставници, учители, стручни соработници и родители, придружете ни се на повикот за креирање на едукативни игри на тема „Што знаеме за НАТО“.

ВТОР КОНКУРС во рамки на проектот Children@Game.Edu.NATO
на ГАУС институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење, поддржан од Северноатлантската алијанса– НАТО

Почитувани професори, наставници, учители, стручни соработници и родители, придружете ни се на повикот за креирање на едукативни игри на тема „Што знаеме за НАТО“.

Врз основа на Вашите пристигнати материјали во Првиот конкурс, на тема „Што значи НАТО“ www.nato70.mk, експерти на ГАУС Институтот извршија анализа на одговорите на учениците од првата истражувачка фаза на проектот и подготвија прирачник „Што знаеме за НАТО“ кој содржи 70 прашања и одговори и Речник на помалку познати зборови на тема „Што е тоа НАТО“.

Прирачникот можете да го најдете на следниот линк https://bit.ly/2k0nIAm

Ве покануваме заедно со Вашите ученици да се пријавите на овој повик и да креирате едукативна друштвена игра преку која младите би можеле да учат за НАТО

Насоки за креирање на играта:

  • Целната група за која ќе биде наменета Вашата игра може да биде соодветна на возраста на учениците од тимот со кои ја креирате играта, или наменета за друга возраст за која ќе се одлучите.
  • Нема ограничувања на вашата креативност во поглед на решението за играта. Добредојдени се игри со примена на ИКТ, игри со картички, креативен квиз, игри со креирани дидактички материјали, нови модели и креативни решенија инспирирани од познатите игри: „Не лути се човече“ или „Монопол“ но и било кое друго уникатно решение кое ќе го изберете со Вашиот тим.
  • Нашиот прирачник „Учиме за НАТО“, односно 70-те прашања и одговори, заедно со речникот на зборови претставуваат задолжителен и насочен ресурс кој треба да биде користен во самата игра. Од Вас и Вашиот тим зависи кои од прашањата со одговори и/или речникот со зборови ќе бидат избрани и искористени во Вашата игра и во колкав број.
  • Најдобрите решенија ќе бидат поканети, презентирани и наградени за време на Саем на игри- сесија за практични демонстрации на игрите, во рамки на настан организиран во сабота, во средината на октомври во Битола, на кој присутните гости и членови на жири комисијата ќе имаат можност да видат практична употреба на самите игри на лице место. За таа цел ќе биде обезбеден соодветен простор за Ваша презентација согласно типот на модел игрите кои ќе ги понесете спремни за презентација. Трошоците за учество на Саемот за менторите и учениците ќе бидат покриени од страна на ГАУС Институтот.

Насоки за учество на конкурсот:

  • Ментор/Автор и носител на едно идејно решение за игра може да биде само еден: родител, наставник, учител или стручен соработник.
  • Во улога на Ментор/автор на игра, изберете тим од најмалку 1 до најмногу 4 ученици соработници и започнете со креирање на креативен и иновативен модел на игра.
  • Менторот треба да поседува соодветни согласности за работа на проектот од страна на родителите на учениците од тимот.
  • Еден ист ментор/автор може да аплицира со најмногу 2 идејни решенија испратени како посебна апликација и како посебна порака.

Пријавување на конкурсот:

Сертификати за учество на конкурсот ќе бидат доделени за време на настанот на сите апликанти кои ги испочитувале насоките и рокот за пријава, независно дали ќе бидат избрани за финалисти. Организаторот не презема одговорност за дополнителна достава на сертификати.

Со испраќање на Формулар за учество на конкурсот се согласувате дека ГАУС Институтот има право да ја објави играта во електронска или печатена форма, при што авторските права им остануваат на авторите (менторот и учениците).

Стручно жири и публиката на Саемот на игри ќе избере најдобра игра, која ќе биде отпечатена и бесплатно дистрибуирана до училиштата како дидактички материјал.

Испратените материјали можат да бидат на било кој од јазиците на кој се одвива наставата со задолжителен превод на македонски јазик, за да може стручното жири да ја оцени играта.

Со почит
Тимот на ГАУС

Достапно лице за контакт околу дополнителни информации
Весела Богдановиќ
071/318-663