Квиз за НАТО

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Леонора Ферати   Наставник по англиски јазик   ,,Наим Фрашери,, Тетово
Ученички тим1. Јона Хасани
2. Ерканда Скендери
3. Амела Кирмизи
4. Амар Алиу
Возраст на децата креатори на играта14 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта14 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Ова игра се организира со ученици од деветто одделение .Во ова игра учествуваат 4 ученици.

Едниот од учениците е лидер во групата.Тој/Таа со неколку зборови ја опишува играта и кажува за вредноста на НАТО, каде е формирана и што е НАТО.

Другите ученици се натпреварувачи со буквите А Б Ц.

После таа почнува со играта,читајќи го првото прашање првиот натпреварувач одговара на прашањето и ако дава точен одговор добива 5 поени.

Лидерот ги пишува поените во белата табла и продолжува со другите прашања, Натпреварувачите почнуват да одговарат на прашањата и ако некој не го знае одговорот кажува ,,поминува,, На истото прашање одговара другиот натпрерувач. На ученикот кој не го знае одговорот му се одземаат 5 поени.

Играта така продолжува до последното прашање и на крај кој има повеќе поени тој е добитникот.

Со ова игра децата прибират многу информации за НАТО и се забавуваат исто време.

Leave a comment