Let’s learn, let’s play

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Мирослав Маркоски   Професор   О.С.Т.У “ Гостивар “ – Гостивар
Ученички тим1. Хасан Абдули
2. Раман Шабани
3. Вејсил Селманоски
4. Петар Богданоски
Возраст на децата креатори на играта17 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта12-18 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Let’s learn, let’s play претставува апликација (игра) која што се игра индивидуално или помеѓу двајца, тројца или повеќе натпреварувачи. Играчите најпрво мора да ја симнат апликацијата Kahoot, од Play Store на своите мобилни телефони (smart phone) https://kahoot.com.

Со самото симнување потребна е најава со e-mail адреса и nickname. Потоа ќе треба да се внесе PIN (односно Game PIN number), исто така постои можност да се избере линкот на играта и автоматски да се генерира PIN number.
Линк

Со избирање на линкот единствено нешто што треба да направите е да притеснете PLAY и да започнете со играње.

Во играта се наоѓаат 20 прашања на кои имате можност да одговарате или пак да го прескокнете прашањето. Имате можност да изберете еден од понудените 3-4 одговори или пак да одговате со точно или неточно во зависност од прашањето.

Игра во која младите ќе можат да се стекнат со повеќе знаења за НАТО. Исто така ќе имаат и мотивација да се натпреваруваат помеѓу себе.

На крајот на играта доколку играта ја играат повеќе учесници се излистува листа на која што се испишани поените на секој натпреварувач. Исто така сакам да напоменам дека после секое прашање автоматски знаете дали вашиот одговор е точен или не. И доколку не Ви го испишува точниот одговор.

Leave a comment