Лого НАТО

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Ениса БектовиќДипломиран професор по предучилишно воспитаниеЈОУДГ,,ФИДАНИ,, Скопје
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта4-8 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Детска игра -Сложувалка на лого НАТО

Пред да се започне со играње на играта со децата имаме подготвителна активност за
НАТО .Користејки слики и постери се потсетуваме што е НАТО. Преку дискусија
директно поставувам прашања Што е Нато ?Што значи кратенка НАТО?Кога е
формирана Нато ?каде е формирана нато?Кои земји се членки на Нато?Какво е знамето
на Нато ? и сл.

Продолжуваме со играта.

Детска игра Сложувалка се состои од :Сет мали дрвени коцки (обложени со делчиња
од сликата на лого НАТО) целосни слики на лого НАТО.

Играта е наменета за деца од предучилишна возраст од 4 до 6 години но исто така
заради интересот на децата може да се користи и до 10год.

Оваа игра може се игра индивидиално секое дете самостојно ги составува коцките
составувајки сложувалка една слика на лого НАТО ,но исто така може да се работи
тимски во група од двајца до четири деца.

Составувајки ги коцките децата пред себе ги имаат од помош приложените слики од
лого Нато како еден вид на водич кој ке го следат.

Играта е поттикнувачка бидејки се одразува на едукацијата на децата во однос на
знаењата за Нато.

Децата визуелно имаат пред себе слики на лого како всушност изгледа Нато алијансата,
учат кои бои се застапени на сликите карактеристични за Нато.,како изгледа знамето на
Нато.

Играта влијае на концентрацијата кај децата,тие се смирени ,мотивирани ,се поттикнува
креативноста кај децата.

Децата учат и именуваат поими како што се ДРЖАВА, ЕКОНОМИЈА, ЗНАМЕ, КУЛТУРА,
ДИЈАЛОГ,СТРАТЕГИЈА и сл.

Кај децата при играње се поттикнува ситната моторика во однос на физичко здравје и
моторен развој.

Leave a comment