Малите истражувачи

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Хана Џафери   Професор на оделенска настава   ООУ „Наим Фрашери“ – Тетово
Ученички тим1. Амар Хасани
2. Леудита Идризи
3. Дрен Алили
4. Албина Пајазити
5. Нарт Белули
Возраст на децата креатори на играта9-10 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9-14 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

„Малите истражувачи“ е игра  базирана на поставување прашања,одговори,истражување,откривање на новите држави и на крај откривање на клучниот одговор која што е и главната цел на играта.Играта почнува со истакнување на правилата на играта,етапите на текот на активностите,и глобалната цел на сите играчи.

Првиот ученик го зема бројот на тикетата со прашање на која што сака да одговори,ја отвара ,го чита прашањето и се труди да даде одговор прво самиот па после бара помош од другарите но ако и тие не можат да дадаат одговор пребаруваат во социалните мрежи како ,,Википедиа,,или Гоогле. Откако ќе најдат за која држава се работи ја зема тикетата на истата држава и чита за неа од позадина кадешто има податоци за неа. Така продолжуваат активностите на играта дури не се откриваат сите држави истакнати во мапата на Европа којашто е поставена насреде нив во големата клупа и додека не се прочитаат сите тикети со знамињата коишто по читањето се превртуваат. Координаторот на играта во тоа време ги следи активностите на своите другари  и понекогаш асистира кога ќе се бара помош од него.

Откако ќе се отвараат сите прашања координаторот го отвара пликото каде што е поставено главното прашање ,чита на глас и ја става  пред нив во мамата. Главното прашање гласи ,,Кој збор е прикажан кај сите карти со знамиња во опишување на државите? ,,Учениците пребаруваат во описите и заедно констстираат дека тоа е Н.А.Т.О. После откривањето на клучниот одговор координаторот го покажува знамето на Н:А:Т:О ја остава во клупа и почнува да чита за хисториатот на Н.А.Т.О ,како функсионира ,кои се членови и кога се приклучиле,кои се условите за членување и т:н.

На крај сите играчи-ученици по ред  ги покажуваат знамињата истакнувајќи на која држава му припаѓа секоја од нив. Оваа активност е базирана на учење преку игра и истражување ,затоа клучниот одговор или целта се  реализира на крај на играта.

Leave a comment