Мемори Картички – НАТО

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Фатиме Беџети – ДурмишиОдделенски наставникО.О.У.“Наим Фрашери”- Тетово
Ученички тим1. Веса Алили
2. Буна Јаји
3. Нарон Сабриу
4. Сиар Сабриу
Возраст на децата креатори на играта7 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта7 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Цели на играта: учениците да се стимулират за концентрација и меморија, исто така преку игра да стекнат знаење за знамињата на земјите членки на НАТО.

Дидактички материјали: мемори картички (со земјите членки на НАТО).

Простор за игра: две споени масички за игра.

Опис на играта: играта може да се игра индивидуално или со 2 – 4 ученици, ова
игра е наменета за деца од 7 години а може и по возрасни.
Ги мешаме картичките и ги редиме на маса, така што сликите со знамињата на
земјите членки на НАТО се свртени надолу и сите картички се дупликат, а
позадината на картите се исти со знамето на НАТО, исто така сите картички се
правоаголни и со иста димензија.

Првиот ученикот ја започнува играта, а останатите ученици продолжуваат да
играат во форма на стрелките на часовникот, другите ученици можат да ги
видат картите.

Ако сликите на превртените картички се совпаѓаат едни со други, тогаш
ученикот ги зема тие пар картички пред себе и веднаш ги ротира другите две
наредни картички. Сè додека ученикот успее да врти пар картички кои се
вклопуваат едни со други, дотогаш тој има право да ги преврти и наредните
картички. Веднаш штом ќе отвори две картички кои не се совпаѓаат една со
друга, неговото право на свртење картичики завршува. Во првата фаза на
играта, често се случува две свртени картички да не прават пар.

Секој се обидува да запомне точно каде се наоѓаат две исти слики, но се
случува многу брзо да заборават каде се наоѓале двете пар слики. Ученикот чиј
ред е да преврти картички се обидува да запамти каде се истите за да може да
го сврти вистинскиот пар. Играта продолжува со другите ученици.
Победник на играта е ученикот кој ке собира повеќе двојки или парови на
картички.

Leave a comment