Ментор/Автор Професија Училиште и град
Валентина ТодороваОдделенски наставникООУ „Димче Ангелов Габерот“ Демир Капија
Ученички тим1. Зорана Каранфилова
2. Ивона јованова
3. Стефан Камчев
4. Бобан Мелов
Возраст на децата креатори на играта10 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта8-12 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

НАМАКТО е супер забавна игра. Наменета е за двајца, тројца или четворица играчи.

Играта содржи:
Подлога за игра. (Самата подлога за игра го претставува знамето на НАТО. На подлогата има означено 29 полиња, кои ни ги претставуваат 29 членки на НАТО. Тие имаат сребрена боја, кружна форма и се распоредени во круг. Некои полиња имаат и дополнителна црвена, сина или зелена боја.);
Карти во три бои: црвена, зелена и сина. (Секоја боја има различна намена. Сините карти содржат прашања поврзани со НАТО. Зелените карти даваат можност за напредок во играта, како на пример: Оди 2 чекора напред; Оди 1 чекор напред и сл. Црвените карти се со насоки за враќање назад, како на пример: Врати се 3 чекори назад; Врати се назад до најблискиот соиграч и сл.);
4 фигури во различна боја;
4 коцки, за фрлање;

Играта има две нивоа на играње: Основно ниво и Напредно ниво.

Основно ниво:
Секој играч има фигура со различна боја и по една коцка. Играчите играат во насока на стрелките на часовникот. Играта ја започнува играчот кој претходно добил најголем број со фрлање на коцката. Услов за отпочнување на играта е добивање на шестка. Секој играч, кога ќе дојде неговиот ред, ја фрла неговата коцка и ја поместува фигурата толку полиња колку што добил на коцката. Играчите треба да ги поминат сите 29 полиња. Доколку застане на поле со боја, потребно е да извлече и иста боја на карта, од купчињата карти, кои се наоѓаат на масата за играње.

Картите, всушност ги даваат насоките на играта. На сините карти се наоѓаат прашања за НАТО (од прирачникот). На црвените карти се насоки за враќање наназад. На зелените карти има насоки за побргу напредување во играта.

Доколку играчот не го погоди прашањето, се враќа назад на неговото поле. Играта ја продолжува повторно кога ќе дојде неговиот ред. Играчот игра без да чека повторно да му се падне шестка. Играчот, кој прв ќе помине еден круг, застанува до неговото поле и чека да погоди шестка за да влезе во центарот. Играчот кој прв ќе успее да застане во центарот е победник.

Напредно ниво:
Напредното ниво се игра на сличен начин како и основното ниво. Разликата е во собирање на поени. Односно, играчот кога ќе застане на поле со боја, има за задача да ги собира своите карти (црвените, зелените и сините доколку точно го одговорил прашањето). Зелената карта носи 1 поен, црвената карта носи 2 поена и сината карта носи 3 поени. Доколку играчот застане на сино поле, потребно е да земе од картите со сина боја. Тогаш треба да го прочита прашањето на глас и да даде соодветен одговор. Доколку играчот точно одговори на прашањето останува на тоа место и го чека неговиот ред повторно. Картата со прашањето, на кое точно одговорил, останува кај него. Доколку играчот не го знае одговорот, се враќа назад на своето почетно поле, а одговара наредниот играч, без да фрла со коцката. Сината карта ја добива играчот кој точно ќе одговори на прашањето. Откога прашањето ќе се одговори, играта се продолжува од оној играч кој претходно бил на ред. Односно, од играчот кој следи, по оној играч, кој не го знаел одговорот и се вратил назад.

Играчот кој прв ќе влезе во центарот добива 20 поени, вториот кој ќе влезе добива 15 поени, и третиот 10 поени.

Играчите кои веќе влегле во центарот не ја играат играта, но может да одговараат на прашањата кои не се одговорени од играчите кои се уште играат. Со тоа собираат уште сини картони.

На крајот се собираат поените, добиени низ целата игра, и победник е оној играч кој собрал најмногу поени.

Leave a comment