НАТО – Куцанка

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Ристе Казиев Наставник по англиски јазик ООУ „Димче А. Габерот“ – Демир Капија
Ученички тим1. Анџело Цуни
2. Теодора Камчева
3. Лазар Бојчев
4. Симона Трајкова
Возраст на децата креатори на играта11 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта8-12 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Најпрво, учениците создаваат прашања од базата на прашања кои им се понудени.

Потоа, цртаат полиња за играње на играта „куцанка“. Полињата ги нумерираат. На секое поле има оставено по едно прашање. Учениците почнуваат од полето број 1 и скокаат кон секое поле. За да поминат на следното поле мора да застанат и да го одговорат прашањето на полето на кое скокнале. Доколку не го одговорат прашањето, се враќаат на почеток.

Потоа, со играта почнува следниот ученик. Играта трае додека не изиграат сите четворица.

На крај, победник е оној кој освоил најмногу поени стигнувајќи до најдалечното поле.

Leave a comment