НАТО КВИЗ

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Јелена Мандиќ   Одделенски наставник   ООУ „Вук Караџиќ“ – Куманово
Ученички тим1. Андреј Додевски
2. Клаудија Митровска
3. Теодора Колевска
4. Анастасија Колевска
Возраст на децата креатори на игратаУченици од трето, четврто и петто одделение
Возраст/и на деца за кои ја предлагате игратаЗа ученици над 8 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

 Во играта следете ги следните чекори:

-Секој играч одбира една фигура во боја.

-Целта на играта е кој ќе има најмногу точни одговори од понудените квиз прашања.

-Играта ја започнува играчот, кој со фрлање на коцката ќе добие најголем резултат.

-На почетокот на играта, секој играч има право на 3 обиди.

-Има вкупно 32 картички од кои неколку се бонус картички доколку кај некој од играчите резултатот е нерешен.

-Играчот влече една картичка од понудените и ја чита инструкцијата во вид на математичка задача.

-На картичките ги пишува насоките како фигурата да се движи, почнувајќи од еден број од понудените броеви обележани во квадрати од 1 до 70 во насока: горе, долу, лево, десно, дијагонала горе лево/десно, дијагонала долу лево/десно за неколку броја.

-Одкако ќе дојде до точниот број со фигурата, тогаш под тој број го бара прашањето од понудените прашања за Нато од 1-70.

-Го чита на глас прашањето и се обидува да одговори.

-Доколку одговорот е точен се бележи со плус во табелата, доколку е неточен со минус.

-Накрајот се сумираат резултатите и кој има најголем број, односно најмногу точни одговори е победник.

-Доколку резултатот е нерешен на некој од играчите, влечат бонус прашања и на крајот се сумираат резултатите. 

(Напомена) Играчите можат да одговараат на 3 до 6 прашања.

Leave a comment