О.О.У. Славко Лумбарковски – Новаци -П.У. Далбеговци

Мислења: НАТО е марка на лустер.

Ставови: Мајка ми и раскажуваше на тетка Лиле во некоја продавница имаше порцелански лустери , кристални, пластични, па си мислам дека има и ,,НАТО” лустер, само што мама заборави да и каже на тетка Лиле.

Очекувања: Следниот пат, кога ке дојди тетка Лиле, јас ќе и кажам за НАТО лустерот, а и затоа што денес имав тешко прашање, ама со многу рамислување, одговорив најточно од сите во одделението. Браво за мене.

– Елеонора Стојановска 9 год.

________________________________________________________________________

Мислења: НАТО е пцуење.

Ставови: Тато гледа телевизија со пријатели и игра карти. Кога на телевизија велат НАТО, нешто кажуваат за НАТО, другарите на тато пцујат. Учителката вели дека пцуењето е вулгарен збор и не е добро да се речи.

Тато вели да не ми е гајле што е ,,НАТО”. Учителката ми рече дека ке ми каже откако ќе напишат сите. Јас … незнам што е ,,НАТО”.

– Виктор Гроздановски 9 год.

_________________________________________________________________________________

Мислења: НАТО е книга.

Ставови: Видов книга со наслов ,,НАТО”. Но незнам дали има стихотворби или текст. На школо учиме за проза и поезија и затоа незнам што е.

Очекувања: Ке ја побарам ,,НАТО” книгата во библиотека за да видам и да знам што е, дали е поезија или проза и да научам што е ,,НАТО”.

-Христијан Најдовски 9 год.

________________________________________________________________________

Мислења: НАТО е рака што дава.

Ставови: Сите треба да даваме на сиромаси. Рацете даваат се што се има иако не ни треба.

Очекувања: Ако нештото ми треба, не го давам.

– Јасмина Златевска 9 год.

_______________________________________________________________________

Мислења: НАТО е коњ.

Ставови: Луѓето јават коњи, за да победат на трки.

,,НАТО” трча да победи и се дружи со сите – така вели дедо. Но сепак незнам што е ,,НАТО”. Слушнав дека трча…Ама што е тоа незнам. Затоа мислам дека можеби е коњ.

Очекувања: Ќе прашам да научам за следниот пат да знам да кажам.

– Владимир Гроздановски 9 год.

_______________________________________________________________________

Мислења: НАТО е крст.

Ставови: Мислам дека е крст оти слушнав дека треба да се крсти, раскрсти…Не знам кој збор требаше да го запамтам за да ми биди јасно што е ,,НАТО”.

Очекувања: Следниот пат ќе бидам повнимателен кога ќе зборуваат и ќе знам да кажам.

Бојан Каранфилоски 9 год.

_________________________________________________________________________

Мислења: НАТО е авион.

Ставови: Слушнав на телевизија дека авионот ,,НАТО” бомбардира градови и држави, јас тоа не го сакам и го молам ,,НАТО” да не прави повеќе така.

Очекувања: Се надевам дека ке ми ја исполни желбата, нема повеќе да бомардира и сите деца ќе бидат среќни во светот.

Дарко Ѓорѓиевски 9 год.

_________________________________________________________________________

Мислења: НАТО е сателит.

Ставови: Преку сателитот командува со некои држави и преку сателитот сака да ја приклучи и нашата држава.

Очекувања: Се надевам дека и нашата држава ќе биди на сателит приклучена и ќе бидеме сите среќни.

Бојана Каранфилоска 9 год.

________________________________________________________________________

Одделенски наставник – Aна Ангелковска

Leave a comment