ООУ„Блаже Конески“ – Скопје, Борјан Стефановски

НАТО или Северноатланска алијанса е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Северноатланскиот  договор на 4 април 1949 година.

Според мене, НАТО е  како група на пријатели кои заедно се посилни и можат повеќе. Многу земји се членки на НАТО на пример Албаниjа, Белгија, Грција, Хрватска, Америка и други. Исто така и нашата земја Северна Македонија ќе влезе во НАТО. Освен себе прашањето: Што е НАТО? го поставив и на други луѓе и моите пријатели. Еден од нив беше татко ми:

Орце Стефановски,46 години: -Според мене добро е да влеземе во НАТО бидејки нашата земја ќе биде поразвиена и младите нема толку да мигрираат.

Горан Арсевски,33 години: -НАТО означува Северноатланска алијанса и мислам дека би било добро да се влезе во НАТО.

Алек Станоевски,9 години: -Jaс имам само 9 години, не знам многу, но знам дека НАТО е друштво на повеќе земји и така јас би имал другарчиња од целиот свет.

Како ученик во основно образование не се разбирам многу во политиката, но според мене во мојата земја ќе има големи промени како членка на НАТО. Мислам дека на секој човек му е важна безбедноста во својата земја. Исто така мислам дека и нашите војници ќе имаат подобри услови за работа и ќе бидат испочитувани така како што заслужуваат.

Напред во НАТО!!!

Изработи: Борјан Стефановски, 13 години (Ученик во ООУ„Блаже Конески“ Скопје)

Ментор: Татјана Илиевска

Leave a comment