ООУ„Блаже Конески“ – Скопје, Филип Овчаров

Организацијата на Северноатлантскиот договор, исто така позната како НАТО, беше основана за време на Ладната војна. Целта на НАТО беше обединување и зајакнување на воениот одговор на западните држави за да може да се бранат од напад на Западна Европа од страна на Советскиот Сојуз и нејзините сојузници од Варшавскиот пакт. Иако Советскиот Сојуз и Варшавскиот пакт беа распуштени во раните 90-ти, се уште има нации кои претставуваат закана за интегритетот на Западна Европа.

Лично мислам дека НАТО е добар сојуз, беше направен со добра причина и сеуште се бори за добра причина, мислам дека би било подобро за повеќето помали земји да се приклучат на НАТО за да можат да се одбранат од несакани непријатели. Денес повеќето европски земји се членки на НАТО, вклучувајќи и некои поранешни совиетски земји во Балтикот, НАТО секогаш расте со некои земји кои се во процес на пристапување во НАТО, вклучувајќи ја и Северна Македонија од земјата од која го пишувам ова.

На крајот НАТО помага да се прошири демократијата, стабилноста и просперитетот во Европа, затоа од крајот на Ладната Војна 13 земји се приклучија кон НАТО, НАТО порасна во повеќето региони вклучувајќи го и Балканот и се надевам дека еден ден ќе ја остварат својата модерна цел и тие ќе ги направат сите безбедни.

 

Филип Овчаров, 13 години (Ученик во ООУ„Блаже Конески“ Скопје)

Ментор: Татјана Илиевска

Leave a comment