ООУ ,,Блаже Конески,, – Велес, III-1 одделение

НАТО е појака војска – Maрко Димовски 9 години

НАТО е како Европа , но на повисоко ниво и НАТО им помага на државите што се во него. – Бојан Ристов 9 години

НАТО е телевизиска програма и нешто како канал. -Каја Венинова 8,5години

Нато е кога повеќе луѓе нашата земја ја напаѓаат и од армиите доаѓаат повеќе луѓе за да не заштитат. -Бојана Весов 9 години

Јас мислам дека НАТО е група од многу држави – Верица Крлева 8,5години

Јас мислам дека НАТО е нешто што е заедничко , нешто со сите луѓе. – Тарик Бакиу -9 години

НАТО се тие кои ги запирале војните и тие се војници. – Марко Коруновски 8,5г

Јас никаде не сум го слушнал тој збор , но ме асоцира кога летаат многу птици. – Виктор Димов -8години

Нато е банка која дава многу пари.

Нато е место каде што се татковците за зборување. – Горјан Димитров-8,5години

НАТО е група од држави кои се бранат од некаква војна , но ако некоја држава е нападната сите држави од НАТО ќе ја бранат. – Леон Машковиќ- 9 години

Јас сум го слушнала зборот НАТО од вести дека нашата држава прво ќе влезе во ЕУ , а потоа и во НАТО. – Лилиа Поцкова-8,5 години

Нато е група од држави. – Константин Катранџиев  8,5 години

НАТО е телевизија што мислам дека е некоја програма што ја има на телевизија.Тоа го помислив бидејќи ме асоцира на некоја програма за возрасни. – Јана Стојановска -8,5 години

Јас мислам дека нашата држава Р.С.Македонија можеби ќе влезе во Нато. – Никола Камењаров-8,5години

Јас мислам дека НАТО е игра или место каде што се соединети повеќе држави во светот.Мислам дека НАТО е место каде сите сакаат да бидат , но тоа не е место како продавница туку поинакво место. – Јана Џалева  -9 години

НАТО значи вистина.Тоа ме асоцира на тато на некаков јазик. – Лука Кочов-8,5 г

НАТО е на пример: Ако нашата држава некој ја нападне , доаѓаат војници од армии како Нато и не заштитуваат. – Елена Кузманова-9 години

НАТО е место каде што се соединетите држави во Европа или на пример место каде сите соединети држави се договараат за Eвропската Унија . И не само тоа јас мислам дека Нато е место каде живее Донал Трамп. – Петар Стојанов-9години

НАТО е политика. – Михаил Здравев -8,5години

НАТО е друга држава ,Јас мислам дека е држава од Европа како Норвешка , Бугарија и други што се од Европа.  – Андреј Ѓорѓиев- 8,5години

Јас мислам дека Нато е минато. – Мери Димитриевски -9 год

НАТО мислам дека е група од претседатели ,Нато мислам дека е политика. – Марија Николова  -9 години

НАТО има многу фирми во различни држави. – Марко Веловски -8,5години

НАТО е чоколато бидејќи има рима. – Нина Марковска -9години

НАТО е банка што дава пари, – Лука Коциќ- 9 години

Мене НАТО ме асоцира на некоја задача 6*5 =30- Тале Чингаров -9 години

 

Ментор: Магдалена Камчева

Одделенски наставник  -III-1 одд

ООУ ,,Блаже Конески,,-Велес

Leave a comment