ООУ „Димче А.Габерот“ – Демир Капија

НАТО е Европска унија во која нашата земја влезе.

Бојана Петкова (11 години)

 

НАТО-Народна Академична Туристичка Агенција.

За мене НАТО претставува обединување на некои самостојни држави.

Тоа значи дека нашата земја стана самостојна и безбедна држава.

Дијана Недева (11 години)

 

НАТО е ветер кој дува-силен ветер.

Сара Стојанова (11 години)

 

НАТО е некој вид енциклопедија.

Лука Шуклев (11 години)

 

НАТО означува промена: многу работи да се сменат во државата,  да може да се оди на работа и шетање без виза, промена на учебници, име и сл.

Анастасија Петрова (11 години)

 

НАТО за мене претставува дека нема опасност од Америка, таа  е со нас.

Христијан Ристески (11 години)

 

НАТО е кратеница од една долга реченица.

Горан Горгиевски (11 години)

 

НАТО за мене претставува како еден вид ветерница, таа врти со помош на силен ветер и не турка напред, создава еден вид енргија за јас да можам слободно и безбедно да си играм на компјутерот.

Димитар Симитчиев (11 години)

 

НАТО е мистериозна Унија. Цело време слушам не влезе, ќе влезе, влезе, излезе, сега мислам влезе.

Валерија Лазова (11 години)

 

НАТО е бомби, возбудливи експлозии, пукање и многу други работи. Нашата земја да влезе во НАТО значи победа.

Петар Стојанов (11 години)

 

НАТО е некоја политика за која политичарите се многу загрижени. За мене претставува вести бидејќи цело време го кажуваат на вестите на ТВ.

Нашата земја влезе во НАТО! Кога го гледам на вести за мене значи дека направила нешто големо, направила чудо и сега нашата земја има крилја.

Радица Димитрова (11 години)

 

ООУ „Димче А.Габерот“ – Демир Капија

Ментор наставник: Весна Јовановиќ

Leave a comment