ООУ„Маршал Тито“ с. Муртино, Струмица – Љупче Милчевски – 10 години

НАТО или Северноатлантската алијанса, понекогаш нарекувана Атлантска алијанса или Западна алијанса , е меѓународна безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Северноатлантскиот договор 4 Април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија  и организацијата претставува  систем  за  колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор  за напад од надворешни лица. Во првите неколку години, НАТО претставувала еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс  Исмеј, кој кој изјавил дека целта на организацијата е„ одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија да се држи потчинет“. Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција во 1966година се повлекла од пактот. Со паѓањето на Берлинскиот sид во 1989година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сѐ се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија). Во 2009година требало и Македонија да пристапи кон алијансата, но поради недоразбирањето со Грција околу името Македонија, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит. По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирани војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надмина таканаречената „Криза на идентитетот“ од 1990 – те години.

Љупче Милчевски – (10 години)

ООУ„Маршал Тито“ с. Муртино, Струмица

Ментор: Верка Урдовска

Leave a comment