ООУ ,,Петар Поп Арсов“-Скопје, Бисера Анѓелков VII-3

По распаѓањето на СФРЈ ( Социјалистичка Федеративна Република Југославија) на Балканот се појавува непријателство помеѓу народите, кое драмскиот писател Дејан Дуковски ќе го наслови како „Буре барут“ преточено во драмски текст.

Тоа „Буре барут“ македонскиот народ со многу мака ќе се обиде да го спаси од експлозија, постојано гаснејќи го фитилот, со мирољубива политика на решавање конфликти.

По цели 28 години, нашата држава ќе успее да ја добие довербата од НАТО- Северноатлантската  алијанса, решавајќи го конфликтот со соседна Грција и да стане 30-та членка на 70 годишнината од нејзиното постоење. Ова е битен чекор за стабилизација на целиот регион, бидејќи самото постоење на НАТО гарантира слобода и безбедност на нејзините членови на политички и воен план.

За да може една држава да се посвети на економскиот развој и на подобар животен стандард за своите граѓани, основно е таа да биде безбедна. НАТО се обврзува за мирно решавање на конфликти. Таа се залага за демократските вредности и им овозможува на сите земји членки да се консултираат и соработуваат за прашања поврзани со одбрана и безбедност и да градат меѓусебна доверба.

Со членките на НАТО алијансата споделуваме исти вредности: слобода, демократија и почитување на човековите права, но даваме и придонес со нашето учество во мировни и безбедосни мисии, како онаа во Авганистан. Нашето членство во НАТО е потврда дека граѓаните во нашата држава не треба повеќе да се грижат за стабилноста и безбедноста на нашата држава бидејќи со неа ни се ветува подобар живот и егзистенција. Позната е солидарноста помеѓу земјите членки на НАТО алијансата: нападот на една членка се смета како напад на сите нејзини членки. Во алијансата владее плурализам и се почитува гласот на секоја членка. Тие се залагаат за слобода и толеранција кон различности. Тоа што нашата држава стана член на НАТО алијансата го забрзува процесот за влез во големото европско семејство односно ЕУ (Европската Унија).

На 6-ти февруари оваа година се оствари долгогодишниот сон на нашата земја повеќе да не претставува „Буре барут“ за регионот. Тоа да биде само дел од минатото на нашата земја, кое ќе се раскажува како дното од  кое се издигна слободна, безбедна и економски стабилна Република Северна Македонија, во која секој граѓанин ќе се чувствува задоволно и среќно.

Бисера Анѓелков VII3

ООУ ,,Петар Поп Арсов“-Скопје

Ментор: наставник Олгица Бајалџиева

Leave a comment