ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, IV – 2 одделение

Одделенски наставник- Соња Атанасовска – одделение 42

О.О.У.  Тодор Ангелевски-Битола

  1. Мини приказна ,,Што е НАТО?”

Мислења: НАТО е емисија на TV.

Ставови: Емисија со наслов  ,,НАТО”, ама незнам во колку часот почнува, незнам колку трае и незнам на кој TV канал се емитува.

– Очекувања: Ќе купам весник со програми за TV емисии да прочитам.

– Анабела Гилевска  9 год.

_____________________________________________

Мислења: НАТО е сонце.

Ставови: Јас мислам дека ,,НАТО” е сонце. Тоа сонце грее секогаш кога државите се сложуваат и секогаш кога работаат заедно без да се караат. Кога државите не се сложуваат излегуваат облаци и го покриваат сонцето.

Очекувања: Се надевам и очекувам дека сонцето ќе грее секогаш,многу сакам лето дае жешко.

– Марија Клоштевска  9 год.

_____________________________________________

Мислења: НАТО е книга.

Ставови: Книга  која  има  многу  страни. Името на НАТАША  која

ја викам  НАТО  ете  тоа  мене  ми  значи  НАТО.

Очекувања: Жирито  од  натпреварот  каде  што  ќе  учествувам  ќе

ми  ја  додели  најголемата најубавата  награда  за  прво  место.

-Иван Бошевски  9 год.

____________________________________________

Мислења: НАТО е топка.

Ставови: На улица слушнав дека ,,НАТО” шутка,мава и пенали дава. Па затоа мислам дека е топка.

Очекувања: Ќе одам кај чичко Кољо да прашам дали е точно моето мислење,затоа што  тој кажуваше  за пеналите,шуткањето…

Даниел Апостолов  9 год.

_____________________________________________

Мислења: НАТО е манџа.

Ставови:Баба вели направив турлитава манџа, бучкуруш мнџа, грав манџа,компир мнџа, сигурно има и  ,,НАТО” манџа, ама сеуште нема направено ваква манџа за да ја пробам и да кажам што е,,НАТО” манџа.

 Очекувања: Кога ќе ја пробам  ,,НАТО” манџата ќе напишам состав, каква е и што е,,НАТО” манџа.

Петар Гулугаровски 9 години.

______________________________________________

Мислења: НАТО е проект.

Ставови: Учителката кажа за ,,НАТО” проектот.  За учество треба да напишеме искрени мислења, точни искажувања. Точно што мислам јас, да напишам. Еве точно ќе напишам. Ништо не знам. Знам дека,,НАТО” е проект…хм…Што да напишам?

Очекувања: Да читам или да прашам!?… Што  е ,,НАТО” .

Викторија Ставревска    9 год.

______________________________________________

Мислења: НАТО е бабин лек.

Ставови: Баба прави од треви лекови. Таа вели дека има лек  НАТО,ако го употребиш болеста ќе експлодира, се умира, сите бактерии, колку е тоа вистина,појма немам.

Очекувања: Се надевам дека баба  знае што прави и дека нема да умреме туку ќе сме здрави.

Димитар Василевски  9 год..

______________________________________________

Мислења: НАТО е зелена краставица.

Ставови:  Дедо одгледува зелени краставици. Еден ден бев немирен и ми рече дека сум зелена искривена и скапана НАТО зелена краставица…не разбрав каква е та искривена краставица.Го прашав и ми се обрати дека ке сум знаел кога ќе имам многу години.

Очекувања: Можеби ќе разберам од некој друг,а не од дедо ми.

Давид Сулејмановски                  9 год.

________________________________________________

Мислења: НАТО е подарок.

Ставови:  Мене подароците многу ме радуваат јас многу сакам да добивам подароци

Очекувања:Јас на тие што ги сакам , секогаш ќе им давам подароци.

За да се среќни како мене.

Теона Нечовска 9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е цртеж.

Ставови: Цртеж што некој го црта и некогаш ќе биде готов и прекрасен како цвеќе. А тоа некој сакам да бидам јас и ќе бидам.

Очекувања: Се надевам дека некој ден ќе гонацртам и ќе бидам најдобриот цртач што тој ми го подари. Затоа ќе верувам во НАТО  затоа што е полн со цртежи и ќе најдам полно цртежи.

Симона Матлијовска 9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО едрво.

Ставови: Кога дрвото расте, расте и  НАТО се поголем и поголем затоа што се фклучуваат уште држави.

Очекувања: НАТО сакам да ги подржува државите што се во него и да се бранат од другите држави  што не се во него.

Иван Јанински 9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО се облаци.

Ставови: Тие се тријат и создаваат молњи, јас од нив се плашам.

Очекувања: И покрај врнењето и грмењето јас очекувам дека ќе изгрее сонце и ќе бидам среќен.

Иван Миовски  9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО е мотор.

Ставови:  Оти се многу рзи мотори и не носат до целта. И победувам многу медали,пехари и пари, дека сум прво место.

Очекувања: Кога ќе пораснам ќе имам брз  мотор од марка НАТО и ќе бидам прв и најбрз.

Дамјан Звездаковски  9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е БЕНД.

Ставови: НАТО е БЕНД  музичка група.Кога ќе си свирач можеш да бидеш најпознатиот во светот

  –Очекувања: И јас ќе се вклучам во тој  БЕНД музички.

Марио Јовановски  9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО ебукет

Ставови: Буќет подарувам на тие што ги сакам. Цвеќината се миризливи и шарени. Шират опоен мирис, од кој пчелите се насладуваат.

Очекувања: Се надевам дек во продавниците за цвеќе ќе ј најдам буќет НАТО и ќе го подарам на некој што ги сакам.

Матеа Груевска  9 год.

________________________________________________

Мислења: НАТО е капак.

Ставови: Што ги  затнува сите тенџерина што клокотат.

Очекувања: И  јас сакам мајка ми да си  купи таков капак, за да не и прска на мајка  ми кога нешто ќе прави.

Александар Долевски  9 год.

________________________________________________

Мислења: НАТО е миксер.

Ставови:  Нато е миксер  знам. Комшивките доаѓаат на кафе кај нас. Зборуваат со мама дека НАТО прави нешто, незнам што . Но еднаш слушнав дека – миксираат нешто, мешаат, па  потоа сервираат…можеби вкусна торта.

Очекувања:Затоа знам дека е миксер- најнов модел НАТО, ќе и речам на мама да си купиме и ние, мама  ќе ми меша сладолед многу сакам.

Руби Михаилов 9 години.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е знаме.

Ставови:  Кога знамето се вее сите се среќни, а кога знамето не се вее ситесме тажни. За добро на лугето сите знамиња треба да се вејат високо до вишното небо. Сонцето да ѓи грее и милно да се смее.

Очекувања: Јас очекувам секогаш знамето да се вее затоа што лугето се среќни.

Ана Василевска  9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО е сончоглед

Ставови:  НАТО се врти кон сонцето, како шапка сончоглед- рече вујче.

Очекувања: Не се сомневам дека НАТО е некоја сорта на сончоглед,можи повеќе раѓа сончоглед.

Вујче секогаш кажува точни одговори. Затоа и за НАТО си знам што е.

Амра Сулејманов 9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО е педалинка

Ставови: Со  неа во Преспанското Езеро се возиме  наваму, натаму,угоре,удолу…Возрасните зборуваат Преспа НАТО , ваму,таму…незнам што е и незнам какво е.

Очекувања: Еден ден ќе научам.

Елена Мијаковска 9 год.

__________________________________________________

Мислења: НАТО е машина.

Ставови:  НАТО е машина..врти лево, десно(како машина за перење алишта) ама не е баш таква машина.

Ова го слушнав на улица кога си играв, од возрасни луѓе…се врти ваму,таму.

Очекувања: Морам да истражувам и даразберам што е НАТО

Сара Гашовска 9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е песна

Ставови:  Песната – Наташа од трето три, во неа се пее НАТО, НАТО мое злато…

Очекувања: Убаво име е НАТО, НАТО , Наташа…ќе составам и јас слична песна.

Христијан Бошевски 9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е… НАТО е… НАТО е…

Ставови:  Колку тешко прашање. Јас учителке незнам…ама мислам дека можеби е токи воки зазборање.

Очекувања: Морам данаучм…ќе истражувам.

Алијана Демирова 9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е име на јогурт.

Ставови:  Во продавница има Битолски јогурт, Суташ јогурт,прилепски јогурт, јогурт за слабеење.Има и НАТО јогурт, ама незнам во која продавница.

Очекувања: Ќе ја прашам мама, таа знае се.

Наталија Ристевска  9 год.

_________________________________________________

Мислења: НАТО е врата.

Ставови: На ТВ на вестите видов врата плава со ѕвезди и збораа за  НАТО .Ете тоа е НАТО.

Очекувања: Сепак ќе се распрашам за точно да знам.

Методија Божиновски 9 год.

Leave a comment