Освои го Знамето

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Дубравка ГешовскаОдделенски наставникООУ,,Блаже Конески“ – Аеродром, Скопје
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта8-12 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Потребни ресурси:

1. Платно/постер/хамер/најлон со исцртани 30 полиња ( 1,80 х
1,50),Од полето број 1 секое трето поле е обележано со броеви до 9. Секое поле има
стрелки со насока на движење

2. Девет прашања, со две опции како одговор за бирање.Под одговорите насока за
движење.

3. Бонус прашања во полето со знаме

4. Изработено знаме на НАТО.

Опис на играта
Играта ја започнува еден ученик, а 8 ученици (стојат покрај полињата обележани со
броевите) и ги држат прашањата и можните одговори. На полето бр. 1 ученикот го
добива првото прашање избира еден од понудените одговори и доколку одговорот е
точен се открива картичката со следни напатствија,,Оди три полиња напред“. Доколку
одговорот не е точен, на картичката пишува ,, остани на истото поле“.
На крај, во полето со знамето има бонус прашања ( не влијаат на играта, имаат повеќе
информативен карактер) и доколку ученикот не го знае одговорот на прашањето што го
избрал тогаш водителот на играта дава одговор на прашањето.

Правила на играта:

  1. Се почнува од полето бр. 1.
  2. Ако одговорот е точен ученикот оди три полиња напред, на полето обележано со
    наредниот број.
  3. Доколку ученикот на самиот почеток го погреши одговорот останува на стартот,
    а учениците со прашањата се ротираат.
  4. Доколку ученикот го погреши одговорот од 2,3,4,5…9 прашање, останува на
    истото поле, а учениците со прашањата се ротираат.
  5. Ученикот има право на еден џокер. Штом го искористи џокерот на следниот
    погрешен одговор само 7 ученици со прашањата ротираат, а осмиот ученик се
    повлекува.
  6. За секој нареден не точен одговор се повлекува по еден ученик со прашање.
  7. Победник е оној кој ќе ги одговори сите прашања, а како награда го освојува
    знамето на НАТО.
  8. Бонус прашањата не влијаат на успехот на играта, имаат повеќе информативен
    карактер.

Прашања и можни одговори за играта:
1. Што е НАТО?
а) Меѓународна безбедносна организација ; б) Детска организација
Бонус прашање на поле бр.1 –
2. Што значи кратенката НАТО?
а) Женско име ; б) Северноатлантска Алијанса
3. НАТО е формирана во САД во градот :
а) Чикаго ; б) Вашингтон
4. Кога е формирано НАТО?
а) април 1949 ; б) април 2019
5. Колку земји се членки на НАТО?
а) 19 ; б) 29
6. Како изгледа знамето на НАТО?
а) има темно сина основа со бели ѕвезди во круг;
б) има темно сина основа со бел амблем кој претставува компас
7. Каде се наоѓа седиштето на НАТО?
а) Брисел; б) Битола
8. Во организација на НАТО членуваат само мажи?
а) да б) не, вклучени се и жени
9. Што е алијанса?
а) спогодба, здружување, писмен договор за сојуз на држави
б) желба ,стремеж кон нешто

Бонус прашања
1. ДАЛИ НАТО Е ПРИСУТНА КАЈ НАШИТЕ СОСЕДНИ ДРЖАВИ?
-ДА НАТО АЛИЈАНСАТА Е ПРИСУТНА ВО 4 ОД 5 НАШИ СОСЕДНИ ДРЖАВИ, Р.
ГРЦИЈА, Р. БУГАРИЈА И Р. АЛБАНИЈА КОИ СЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО А ОД 1999 ГОДИНА
ИЗВРШУВА СВОЈА МИСИЈА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА КОСОВО.
2. ДАЛИ РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИМА АСПРАЦИИ ДА СТАНЕ
ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА НАТО?
-ДА, ВО ЦЕЛОСТ Е ФОКУСИРАНА КОН ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
3. КАКО НАТО ГИ ИСПОЛНУВА СВОИТЕ АКТИВНОСТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА
Р.С. МАКЕДОНИЈА ?
– ПРЕКУ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ СО СЕДИШТЕ ВО СКОПЈЕ, КОЈА ФУНКИОНИРА ОД 1999
ГОДИНА.
4. ШТО Е КОМПАС?
– СПРАВА СО ВГРАДЕНА МАГНЕТНА ИГЛА ГИ ПОКАЖУВА СТРАНИТЕ НА СВЕТОТ
5. ШТО Е ПАКТ?
-СОЈУЗ (ЧЕСТО ВОЕН СОЈУЗ)
6. ШТО Е СТРАТЕГИЈА?
-НАУКА ЗА ВОЕНАТА ВЕШТИНА, НАЧИН НА ВОЈУВАЊЕ

Leave a comment