ОУ „Гоце Делчев“ – Неготино

Елена, 12 год.

Сите држави влегуваат во НАТО, но за да влезе држава во НАТО потребно е тие држави што се влезени да се сложат за и таа држава да влезе.

Во НАТО се влегува ако во државата има поплава,земјотрес торнадо за да помага на државите и да се поправи тоа што е уништено.

 

Ана Марија,13 год.

НАТО е државно заедништво, односно државна организација основана од повеќе држави кои се различни и се борат против несогласувањето, против разликите меѓу луѓето.Пример:нивното однесување.начин на облекување,изгледот и слично.

 

Миле, 12 год.

НАТО-Воена агенција, организација за безбедност, основана во 1949 год.основана.Се собират повеќе земји.

 

Стојанче, 12 год.

НАТО е терористички напад.

 

Наталија,  13 год.

Нато е меѓународна безбедна атлантска организација која е организирана на 4 април 1949 година.Македонската држава сака да влезе во ЕУ.Македонија сака да биде членка во ЕУ.

 

Ребека, 13 год.

НАТО е меѓународна заедница.

 

Лазе  12 год.

НАТО е меѓународна организација. Организација на едно место

 

Александра, 12 год.

Јас мислам дека НАТО има некаква поврзаност со ЕУ и е во врска со национални работи.

 

Цветанка, 13 год.

НАТО е меѓународна безбедна атлантска организација која е организирана на 4.4.1949 год.Македонската држава сака да влезе во ЕУ.Македонија сака да биде членка во ЕУ.

 

Андон, 12 год.

НАТО за мене е обичен збор

 

Стефан, 12 год.

НАТО е терористичка. НАТО е меѓународна.

 

Теодора Лазарова, 13 год.

НАТО е збир на повеќе држави  каде што од секоја држава има војска.Македонија е членка на НАТО. НАТО е создадена доколку има војна или слично државите што се во него заеднички да се одбранат.

 

Диме, 12 год.

Ние  ако сме во НАТО сме побезбедни и ако не нападнат некои Америка ќе не штити. Во НАТО има повеќе држави и ако сме членка на НАТО ќе ни дават поголема плата.

 

Ангела, 13 год.

Јас мислам дека НАТО е нешто во врска со нас. Не сум сигурна.

 

Елеонора, 13 год.

НАТО е меѓународна безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на северноатлантскиот договор на 4 април 1949.

 

Дарко, 12 год.

НАТО е организација за збир на претседатели од оние држави кои што се членови на НАТО.Таа служи за безбедност меѓу народите.

 

Родне, 14 год.

НАТО е организација на северноатлантските држави.Тоа е организација во која се вклучуваат повеќе држави (членки) за решавање проблеми.Во неа има 29 држави.

 

Елеонора, 14 год.

За НАТО имам слушнато на вести.НАТО е организација на држави односно е поврзана со парламент.

 

Маринела , 12 год.

Меѓународна организација за безбедност организирана на 4 април 1949 на Европската Унија во Македонија.

 

Дамјан, 12 год.

НАТО е заедница која дава луѓето да се заедно и да помагаме едни спрема други.Еден кога напаѓа , НАТО го брани уште и во ЕУ.

 

Пане, 13 год

НАТО е членка на Македонија.

 

Ѓорѓи Арсов , 13 год.

Македонија е членка на НАТО.

 

Благој , 12год.

НАТО е заедница на Европски земји / држави.Секоја држава сака да биде член во НАТО , со  членувањето на државата и се отвара пат кон подобра иднина.И се пружаат потребни услови за да стигнат до посакуваните цели , со финансиска помош и друго.

 

Симона Јанчева , 13 год.

НАТО е организација на северно-атлантските држави.Тоа е организација во која се вклучуваат повеќе држави (членки) за решавање проблеми.Во неа има 29 држави.

 

Стефан, 12 год.

НАТО или северноатлантска алијанса понекогаш нарекувана атлантска алијанса или западна алијанса е меѓународна.НАТО се посветува да се грижи за своите членки.

 

Мартин , 12 год.

НАТО се наоѓа во Европа. НАТО е унија.

 

Андреј, 13 год.

НАТО или северноатлантска алијанса понекогаш се нарекува атлантска алијанса или западна алијанса.

 

Кристијан , 12 год.

Северноатлантскиот договор на 4 април 1949.Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија. НАТО се посветува да ги штити своите членки преку политички и воени средства.

 

Михаела, 13 год.

Јас за НАТО имам слушнато на вести. НАТО е организација на држави.

 

Марија , 13 год.

НАТО според мене е голема заедница или организација каде членуваат повеќе земји членки.Во последно време на вести слушам дека Македонија е на пат да влези во НАТО , а никогаш не сум се запрашала што е тоа.Дали на сите земји кои се нејзини членки им помага во економски развиток на државата , образованието , заштита на природата и слично , но мислам дека не сум во право.НАТО е заедница или една поголема организација која се грижи за безбедноста на своите земји членки.Таа има правила кои треба да се почитуваат за да се биде нејзина членка.

 

Стефан, 13 год.

НАТО е заедница на земји.Таа е организирана на 4 април 1949.Ако некоја земја е во НАТО , ќе има повисоки работи.

 

Глорија, 14 год.

Јас мислам дека НАТО е Неготино, Македонија.

 

Ангела, 13 год.

Меѓународна безбедна организација а седиштето се наоѓа во Брисел. Македонија сака да влезе во НАТО.

 

Тамара, 13 год.

Меѓународна безбедна организација а седиштето се наоѓа во Брисел.

 

Викторија, 13 год.

НАТО е заедница во која Македонија штотоку влезе.

 

Елена, 13 год.

НАТО е заедница во која Македонија сака да влезе .

 

Јелена, 13 год.

Македонија сака да влезе во НАТО. НАТО е безбедосна организација во која Албанија, Грција и Бугарија се членови.

 

Марија, 13 год.

Македонија има желба да влезе во НАТО. Седиштето му се наоѓа во Брисел, Белгија. Со промена на името Северна Македонија добива покана за влегување во НАТО.   13.  Група на држави со седиште во Америка. Има врска со ЕУ.

 

Александар, 13 год.

НАТО е организација во која држави се членовите. НАТО е помагање на некој член од заедницата кога имаат многу потреба. За една држава да биде член во НАТО, најпрво постарите членови/државите кои веќе се во НАТО/ да се согласат.

 

Блаже, 13 год.

НАТО е група на држави со седиште во Америка. Тоа е слично на ЕУ. Во НАТО сите држави си помагаат и соработуваат меѓусебно.

 

Трајанче, 13 год.

НАТО е Северно Атлантска Алијанса. НАТО е нешто слично као и ЕУ но овде спаѓа и Америка.

 

Теодора, 11 год.

Нато е заштитно место на повеќе држави.

 

Игор, 12 год.

Нато е унија каде што се соединети некои земји. Тие земји имаат можност да си помогаат меѓусебно. Јас за НАТО имам слушнато на телевизија.

 

Васка, 12 год.

Зборот Нато конкретно не знам што значи и каде се користи овој збор, само знам дека државите кои не се во ЕУ треба прво да добијат поддршка од НАТО. Зборот НАТО честопати го имам слушнато на телевизија имам слушнато дека многу држави бараат поддршка од НАТО за да влезат во ЕУ.

 

Димитрија, 11 год.

Јас Нато мислам дека е унија и заштитено место за повеќе држави, јас така имам слушнато од телевизијата на кратко.

 

Виктор, 11 год.

За Нато сум слушнал од телевизија но не сум сигурен што е може е нешто поврзано со Европа но, не знам .

 

Петар, 12 год.

Јас мислам дека Нато е организација на САД во која сите држави можат да влезат и да бидат членка. Таа е нешто слично на ЕУ.

 

Анастасија, 12 год.

Нато е сојуз од европски држави.

 

Мирослав, 13 год.

Нато е голема заедница на држави.

 

Ангела, 13 год.

Нато е сојуз составен од повеќе држави.

 

Кирил, 14 год.

НАТО е воен светски сојуз и тој е единствен на планетата. Во него членуваат современи војски со најмодерна технологија. Нато има 30 членки. Нато засега дејствува во мирни воени вежби.

 

Ана,   13 год.

Нато е меѓународна безбедносна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор.

 

Олгица,  13 год.

НАТО е собир на неколку држави. И ние сакаме да бидеме дел од НАТО.

 

Александар, 13 год.

Иако го слушам секојдневно сепак се уште не знам што е Нато.

 

Благица, 14 год.

Нато се сојузни држави.

 

Лазе, 13 год.

Не се замарам со политика само знам дека нашата држава е во него.

 

Андреас, 13 год.

Нато е политички сојуз.

 

Невенка, 14 год.

Нато е некоја група со политичарите од повеќе држави.

 

Кристина,  12 год.

Јас мислам дека Нато е собрание.

 

Мануела, 12 год.

Нато мислам дека е поврзано со државата и собранието.

 

Емина, 11 год.

Нато е амбасада на Република Македонија.

.

Љупче, 12 год.

Нато е дел од ЕУ и заштитник на Охрид.

 

Ѓорѓи, 12 год.

Нато е војска на Република Македонија со која раководи Радмила.

 

Дарко, 13 год.

Нато е како една заедница во која се собрани повеќе држави.

 

Јадранка, 13 год.

Нато е воена организација за заштита. Нато е како група од повеќе држави кои заедно се бранат.

 

Ѓорѓи, 13 год.

Нато е заедница од повеќе држави и тие се бранат.

 

Слободанка, 13 год.

Нато е меѓународна безбедносна организација. Северноатлантска алијанса.

 

Андреас, 12 год.

Нато е како група од повеќе држави кои заедно се бранат. Тоа е како организација за заштита на народот..

 

Јане, 13 год.

Нато е  заедница на повеќе држави кои што се бранат заедно.

 

Викторија, 12 год.

Нато е меѓународна безбедносна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор.

 

Мартина, 13 год.

Нато е прекрасно место и е многу убаво место.

 

Борче, 12 год.

Нато е заедница од повеќе држави.

 

Трајче, 12 год.

Јас мислам дека тоа е така затоа што некогаш сум слушнал на вестите на Сител Тв. Нато е членка на ЕУ тоа сум го слушнал кога некои дедовци зборуваат за политика.

 

Менче, 12 год.

Нато е членка на ЕУ.

 

Иван, 12 год.

Нато е организација која се состои од Американци и луѓе од Европа кои се против Русија.

 

Марија, 12 год.

Нато е членка на ЕУ. Јас тоа го дознав од телевизијата Сител.

 

Ѓорѓи, 12 год.

Јас знам дека ЕУ е во Нато исто така знам дека Нато е во ЕУ. Јас зборот Нато сум го слушнал на телевизија кога се зборува за политика.

 

Јован, 12 год.

Нато е заедница од повеќе држави. Македонија е исто така во таа заедница. Нато значи Северноатлантска алијанса.

 

Бојана, 13 год.

Нато е меѓународна безбедносна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор.

 

Кирил, 12 год.

Нато е меѓународна безбедносна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор.

 

Душица, 12 год.

Нато е меѓународна безбедност.

 

Дарко, 12 год.

Нато е воена организација во која има зачленети земји и Република Северна Македонија е во Нато.

 

Симона, 12 год.

Нато е меѓународна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор.

 

Јована, 13 год.

Нато е меѓународна безбедносна безбедносна организација која била создадена со потпишување на Северноатлантскиот договор на 4 април 1949.

Нато = Северноатлантска алијанса.

 

Јована, 12 год.

Нато е меѓународна безбедносна организација.

.

Андреа, 12 год.

Нато е меѓународно безбедносна организација и здружение на повеќе народи.

 

Даниел, 11 год.

Нато е политика или партија. Таа се занимава со политика.

 

Лазар, 11 год.

Нато е политичка партија сум слушнал за неа на телевизија.

 

Филип, 11 год.

Нато е политичка партија. Нато го смени името на Македонија.

 

Живкица, 11 год.

Нато е кога има закон за напад. Кога има напад кон Нато на некоја земја испраќаат помош за да им помогнат.

 

Симона, 15 год.

Знам дека е организација во која членуваат повеќе држави.

 

Михаела, 14 год.

Мислам дека Нато е некоја организација која ги прима државите.

 

Јован, 14 год.

Збир на држави на едно место.

 

Розалија, 12 год.

Најчесто го слушаме на вести со реклами на интернет. На online сајтови. Често го слушаме но незнам какво значење има мислам еден симболсе 12 ѕвезди со сина подлога,и дека Македонија сака да оде во Нато.

 

Стефанија, 11 год.

Нато има врска со државите. Мислам дека Нато е слично со ЕУ.Mислам дека има 49 членки земји. Нато е скратеница но незнам штo.

Лора, 11 год.

Тој збор ниту е музика, ниту спорт, туку тоа е политика. Овој збор го дават збор го дават на вести. Најмногу го слушаме од политичарите во ЕУ на Северна Македонија.

 

Александар, 12 год.

Македонија се распага за да влезе во Нато и Нато е поврзано со политика.

 

Филип, 11 год.

Нато е светска сила во Европа. Јас мислам дека Нато има 29 членки.

 

Стефанија, 11 год.

Зборот Нато сум го слушнала на телевизија. Тоа значи дел од ЕУ.

 

Ристе, 11 год.

Јас го знам Нато и го слушнав на вести и Северна Македонија ке влезе во Нато .

И затоа Македонија го смени името.

 

Тоше, 11 год.

Јас знам дека која држава сака да влезе мора да го смени името ито така кога некоја држава влегува тогаш ниту една друга држава неможе да ја нападне таа држава поради тоа што таа држава ја штити Нато.

 

Александра, 12 год.

Нато е политички збор кој го слушаме на вести.

 

Давид,12 год.

Нато е политика имам слуснато на весто од луге по новините и електронскиот дневник. Престолот на Нато е во Англија или Америка.

 

Петар,11 год.

Нато е членка во ЕУ.

Тоа се занимава со политика и држави.

 

Благица, 12 год.

Нато се грижи за доброто на државите што се членки .

Република Македонија ке биде членка на Нато.

Нато е збир од држави .

Нато држи состаноци со претседателите  на земјата членка.

 

Ивана, 11 год.

Нато е политика со државата, Нато е скратеница, но незнам од кој збор.

 

Душко, 11 год.

Нато е политичка сила и им помагаат на тие што им треба.

 

Карлито, 11 год.

Нато е дел од држава во која е Доналд Трамп, тој е моќен маж најмоќниот човек. Земајата тоа не го знае и претпоставува, го има на телевизија, тој е многу богат за него можеме книги да пишуваме, тој многу инвестира за граѓаните тој е претседател на Нато.

 

Ментор м-р Павлинка Велјаноска

Leave a comment