ОУ „Коле Канински” – Битола, Маријана Велеска V-2 одделение

НАТО ЗА МЕНЕ

 

На вести скоро слушнав

Кога тоа го побара тато,

Веста беше важна сфатив

За некаква група НАТО.

 

За НАТО мислев ноќ и ден

Што е да си нејзин член?

Некој да те пази чува

И на прав пат да те упатува.

 

Терористи на сите страни,

Од нив НАТО ќе не брани

Ако прават бељи разни

На свој начин ќе ги казни.

 

На светот слобода му нуди

Кај членовите свеста ја буди

Има ли поголемо злато

Од големото семејство НАТО?

 

Маријана Велеска V-2 одд

ментор: Ирена Богданоска

ОУ”Коле Канински” Битола

Leave a comment