ООУ,,Блаже Конески,, – Велес, III-2 одделение

НАТО е чиста природа, незагадена и обоена во разни бои. Теа Гочева , 8 години.

Јас мислам дека е референдум на кој се гласа за нешто,а гласаат сите луѓе кои наполниле 18 години. Изабел Николов , 8 години.

НАТО е историја, нешто што се случило во минатото ,ама се спомнува и денес. Ива Андова ,9 години.

Мислам дека НАТО е пријателство помеѓу луѓето , да се сакаат , почитуваат меѓусебно , а и да си помагаат кога им треба нешто. Анастасиа Пеева, 9 години.

НАТО е политика што се дава на вестите и го зборуваат нашите дедовци и татковци. Филип Попзлатанов, 9 години.

НАТО е убаво место за живеење. Андреј Димитриев, 9 години.

НАТО се грижи за нешто како на пример градоначалникот што се грижи за Општината. Марко Кимовски, 8 години.

Јас мислам дека НАТО е голема институција во која работат многу луѓе. Стефан Василев , 8 години.

НАТО е стар воин, кој се бори со лошите луѓе што не напаѓаат. Филип Пљаков, 8 години.

НАТО го замислувам како виножито , шарено ,кое се појавува после дождот кога ќе огрее сонце. Тоше Костадинов, 8 години.

НАТО е голем човек кој ни ја спаси државата во 1962 год. Јана Сентевска, 8 години.

НАТО  е нешто што се бори за Република Македонија ама незнам како го прави тоа. Андреј Палашев, 9 години.

НАТО е кога некоја држава е дел од НАТО. На пример нашата татковина стана дел од НАТО  , но мораше да си го смени името од Р.Македонија во Северна Република Македонија . Мислам дека НАТО е организација од држави што се грижи за безбедноста ,па ќе се погрижи сега и за нашата татковина. Ева Јаковлевска, 8 години.

НАТО е нешто што се случува во државата. Александар Филџанов, 9 години.

НАТО е пријателство помеѓу два или повеќе градоначалници. Слободан Богданоски, 9 години.

НАТО е демократски избор што може да се гласа. Кристина Спасевска, 8години.

Јас мислам дека НАТО е некаква битка. Симеон Петров , 8 години.

Јас мислам дека НАТО е гласање на фер и демократски избори . Бубе Лазов, 9 години.

Јас мислам дека НАТО е природа. Јана Марковска, 8 години.

НАТО е разговарање во вестите за нешто важно за старите ,а не е за деца. Петар Стојанов, 8 години.

НАТО е историја, нешто што се случувало со Македонија порано ,ама и сега се зборува. Ева Стоилковска , 8 години.

Јас мислам дека НАТО е голем објект,со многу луѓе кои разговараат на сериозни теми. Тео Милошевски, 8 години.

Знамето на Македонија го креваа за НАТО. Матео Петковски, 8 години.

НАТО е фер и демократски избори за бирање на претседател. Никола Тодоров, 9 години.

НАТО е нешто што го немаме ,а го посакуваме во нашата татковина. Го има во друга држава и во многу држави далеку од нас. Марија Трајкоска, 9 години.

НАТО се здружени држави што заедно соработуваат да ги подобрат условите за живот во Македонија, за сите да бидеме посреќни. Ана Крстева, 9 години.

ООУ,,Блаже Конески,,-Велес

III2 одд.

Наставник-ментор:Благородна Јосимовска



Leave a comment