Пиратски Квиз

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Бисера Петровска АргиновскаОдделенслки наставникО.У. Тодор Ангелевски-Битола
Ученички тим1. Михаела Ристаноска
2. Андреа Симоноска
3. Петар Крстевски
4. Ивана Влкановска

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Работната површина е во вид на море со елементи кои потсеќаат на остров. Како
пиончиња се користат бродчиња во кој има пират. Секој играч си избира картичка-водич
според која треба да го движи бродчето, односно да ја пронајде секоја слика на
површината за играње, која одговара на инструкциите кои ги има на картичката-водич.
Играта почнува од полето на кое пишува СТАРТ. Откако играчот ќе го смести бродчето
на соодветното поле го отвора полето, под кое има прашање за НАТО на кое треба да
даде соодветен одговор(прашањата се од прирачникот ,,Што е тоа НАТО”). Доколку
точно го постави бродчето на соодветното поле и точно одговори на прашањето кое се
однесува на НАТО продолжува понатаму, а доколку одговори погрешно се враќа назад
на СТАРТ и почнува нов играч.

Играта на овој начин продолжува се додека не стигне до ЦЕЛта, каде што се наоѓа
знамето на НАТО кое треба да го крени како знак за победа. Прашањата и
инструкциите се соодветни за возраста на учесниците во играта

Елементи на играта:
– Површина за играње на која има полиња со слики кои одговараат на
инструкциите на картичката-водич, според која играчот треба да го движи
бродчето, а под секое поле има и прашање за НАТО на кое играчот треба да
одговори;
– 4 бродчиња кои играчот треба да ги движи по површината за играње;
– Картички-водич на кои има напишано едукативни прашања според кој играчот го
движи своето бротче по морето за да стигни до скриеното богатство;

Правила на играта:
– Играта има водич кој пази правилата да бидат точно спроведени.
– Секој ичрач избира по една мапа.
– Се почнува од старт.
– Играчот треба да ја најде соодветната слика на инструкцијата која ја дава мапата и
точно да одговори на прашањето кое се однесува под секое поле на површината
поврзано со НАТО.
– Доколку згреши се врака назад на СТАРТ.
– Победник е оној кој ќе стигне до ЦЕЛТА и ќе го крене знаменцето.

Со ваквата едукативна друштвена игра децата имаат можност:
– да ги повторуваат секојдневните содржини од наставата;
– да стекнат знаења и да се запознаат со значењето и можностите кои ги нуди
НАТО, односно да се разбијат сите стереотипи;
– да ја покажат нивната креативност, знаење и способност за презентација пред
поголем аудиториум;
– низ игра да се стекнат со нови знаења.
– да се забавуваат;
– да ги контролираат сопствените емоции и чувства;
– да развијат натпреварувачки дух.

Leave a comment