Познато-Непознато

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Хилда Димитриевска   Проф. по одд. настава ООУ”Крсте Мисирков”
Куманово
Возраст на децата креатори на играта10 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9,10 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

На масата се поставени листови во боја со текст, свртени наопаку.Од секоја боја има по два листа кои чинат пар. На едниот е запишан поимот, а на другиот лист дефиницијата (објаснување).

Прво ниво: Секое дете треба да избере по еден лист во боја и да го побара својот пар, другарчето со лист во иста боја. Заеднички го читаат поимот и дефиницијата (објаснувањето) на истиот. Се редат сите во круг и секој пар го презентира својот поим пред другите. Со тоа се запознаваат со новите поими и ги учат.

Потоа се делат во две групи по шест учесници (зависно колку нови поими учат,  6 поими-6 учесници во секоја група).

Второ ниво: На табла посебно(одделно) се залепени поимите и дефинициите. Секоја група треба да ги најде паровите, кој поим на која дефиниција одговара и да ги поврзе со креда. Која група ќе поврзе точно повеќе парови на поими и дефиниции, ќе биде победник.Секој точно решен поим носи 1 поен.

Трето ниво: На маса е поставена дефиниција. Од букви дадени во плико треба да се состави поимот- збор што одговара на дефиницијата. Која група прва ќе ги состави сите зборови е победник.

Leave a comment