Шарената коцка “НАТО”

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Александра ИвановаОдделенски наставникООУ,,Димче А Габерот,, – Демир Капија
Ученички тим1. Атакан Мунаџев
2. Мелек Куртова
3. Сибел Копова
4. Мирослав Пешиќ
Возраст на децата креатори на играта9 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Наставникот заедно со учениците изработуваат коцка од хартија во разни бои, со шест
страни. Секоја страна си има свој џеб. Во секој џеб има ставено две ливчиња во форма
на срце. На едното ливче има напишано прашање и тоа ливче не е свиткано, а на
другото ливче е напишан одговорот на прашањето и тоа ливче е свиткано. Така во сите
шест џебови има ставено по две ливчиња со прашања и одговори.

Четири ученици се наредени еден до друг, секој ја фрла коцката по еднаш и секој од
џебот си го ваде ливчето, од горната страна на коцката, кое не е свиткано. Го чита
прашањето кое е напишано, на глас и се обидува да одговори на едно од понудените
опции. Потоа го ваде ливчето кое е свиткано и го проверува одговорот. Потоа
наставникот им става нови прашања во џебовите. Секој ученик фрла по три пати. Оној
ученик кој ќе одговори точно на повеќе прашања, тој ученик е победник во играта.
(Играта може да се повтори со сите ученици од одделението).

Leave a comment