Скок До Брисел

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Ирена Богданоска   Одд.наставник   ОУ „ Коле Канински“- Битола
Ученички тимТомислав Атанасовски
Возраст на децата креатори на играта7 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта7+ години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Во „Скок до Брисел “ учествуваат од 2 до 4 играчи, а се игра со коцка, карти и со четири фигури, прирачник „Учиме за НАТО“.

Играчите фрлаат коцка за да одредат кој ќе почне прв. Почнува оној што ќе добие најголем број. Секој играч почнува од полето Старт, каде што ја става својата фигура. Потоа ја фрла коцката и се движи онолку полиња колку што покажува бројката. Откако ќе застане на одредено поле со прашање, играчот треба да одговори на даденото прашање. Доколку играчот одговори точно, скока онолку полиња напред колку што е наведено на полето, за грешен оговор се враќа назад за онолку полиња колку што е наведено во даденото поле за прашање. Полето со реден број 17 го носи играчот до целта на играта. На полето означено „Прашања“ се ставаат карти со прашања во зависност од воздраста на играчите. Секоја карта со прашање е означена со соодветен број за воздраст. За проверка на одговор , играчите можат да проверуваат во прирачникот „Учиме за НАТО“Играта завршува откако сите ќе пристигнат до полето означено со знамето на НАТО. Победник е играчот што прв ќе пристигне на целта. За играчот да пристигне
на целта, мора да фрли точен број за да ги помине полињата до целта.

Играчите што знаат и имаат среќа ќе бидат победници, а преостанатите играчи ќе учат низ забава и дружба.

Преку игра и забава учиме за НАТО!

Leave a comment