Слагалиците на НАТО

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Кристина Стојанова   Ликовен педагог ОУ„Гоце Делчев“Битола
Ученички тим1. Сара Илиевска
2. Матеа Василевски
3. Дејан Кузмановски
4. Елена Палашовска
Возраст на децата креатори на играта14 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта12-18 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Правила на играта:

  • Играта е составена од две слагалици со различни слики кои содржат по 35 парчиња, односно вкупно 70 парчиња за  двете слики;
  • Играчите се делат во две групи со по еднаков број играчи;
  • Во склоп на играта се 70 картички со различни прашања и одговори поврзани со НАТО;
  • Играта започнува така што секоја група добива слика која треба да ја состави и 35 парчиња од слагалицата;
  • Едната група  извлекува картичка со прашање кое другата група треба да го одговари;
  • Може да се побара прашањето да биде прочитано уште еднаш;
  • Со секој точен одговор се добива парче од слагалицата и истата се составува, а играта продолжува така што следната група извлекува прашање,
  • Со погрешен одговор картичката со прашање се враќа на дното на картичките, а играта ја продолжува следната група;
  • Групата која прва ќе ја состави слагалицата е победник;

Играта е составена од:

  • 2 слики на тематика НАТО;
  • 70 парчиња од слагалица кои вклучуваат две слики;
  • 70 картички со различни прашања;

Leave a comment