СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Делчево

Што е НАТО? Вашингтон,4 април 1949тата година, ден после кој никогаш ништо не беше исто.

Ноќ во која сите заспаа безгрижно не мислејќи дали ќе го дочекаат утрешниот ден.

Утро кое ги разбуди луѓето со желба и надеж за секое наредно утро да биде подобро, секој нареден ден да биде побезбеден и секоја човечка желба за мир да биде исполнета. Сите тоа го имаат посакувано и пред тој ден, и пред таа ноќ, и пред тоа изгрејсонце, но сега беа сигурни дека тоа ќе биде реалност. Конечно невините луѓе живеат во своите домови во мир и спокој знаејќи дека Североатланскиот договор ги обедини во едно.

Сега тие знаат дека има некој кој цврсто стои покрај нив, некој кој ги чува во својата закрила, се грижи и мисли на нивниот живот. Некој за кој знаат дека секогаш ќе им излезе во пресрет и ќе им помогне. Некој кој ќе им подаде рака кога никој друг нема да сака. Но сепак и тој некој е чедо на некоја мајка и татко на некое дете. Во темнина и тага, солзи и болка, седат под ѕвезденото небо, го пригушуваат плачот во себе и помислуваат на своето чедо кое е далеку од дома. А што кога тоа дете, тој татко никогаш повторно нема да се врати дома, помислил ли некој на тоа? Што кога во еден момент се ќе се сруши, дури тие не се ни свесни,но сепак се случи. Помислил ли некој што со луѓето кои не се дел од тоа НАТО семејство, што со тоа кога тие се должни да плаќаат за туѓите грешки, злосторства и задоволства? Што кога ќе се разбудат во една рушевина, а во таа рушевина единствено што им се наоѓа се некои спомени, спомени кои се премногу скапоцени за да ги отфрлат од себе, некои слики останати како доказ дека пред тие рушевини постоел живот. И најважно од се, белег на душата, рана со длабоки корења зараснати меѓу сите делови од таа рушевина, кои биле нивно срце, нивно тело и нивна душа. Зар никој не го е жал за тие луѓе кои од самата помисла на таа случка затреперуваат од страв, луѓето кои после сето тоа остануваат згазени и поразени во минатото и немоќни горди да продолжат во иднината. Секој ден нови погледи, исти мисли, нови зборови. Се фаќаат како давеник за сламка за по некој збор кажан за нивната изгубена личност во борбата заради очајот, и ги ловат нивните погледи гледајќи во тишината осамена, сами во старите фотографии. Таа загуба, таа случка сега е дел од нивните кошмарни денови и парче од едно скршено срце останато на место што некогаш било дом на нечија среќа. Тие заминале од тоа место, и си ветиле дека никогаш, никогаш повеќе нема да се вратат. Но и после толку мрачни, носталгични и осамени ноќи сонот како завет надвиснал над нивните сенки и ги потсетува на тој настан како да бил вчера. Желбата на онаа мајка е нејзиниот син повторно да зачекори во нивната куќа. Желбата на онаа дете е неговиот татко повторно да заспива покрај него, а желбата на онаа девојка е повторно да се буди покрај љубовта на својот живот. Ете тоа е НАТО, семејство кое по секоја цена, не размислувајќи на последиците се обидува да ги заштити луѓето во него. Едно огромно семејство во кое живеат толку различни луѓе, а сепак толку исти. Семејство во кое секој за секој се грижи и секој на секој подава рака. Семејство кое ветува, но и исполнува мир и спокој, семејство кое дава подршка и покажува внимание и семејство на кое му значи секој човечки живот, и секоја човечка воздишка. НАТО е семејство во кое детската искрена насмевка грее како сонце, детскати желби се најголем предизвик, а детската радост најголем успех.

Габриела Христовска-17 години

 

НАТО е организација која се посветува да ги штити своите членки преку политички и воени средства. Исто така охрабрува консултации и соработка со не-НАТО земји во широк спектар на области поврзани со безбедност, како што се одбранбени реформи и зачувување на мирот. Преку своите дискусии и партнерства, НАТО придонесува во спречување на конфликти во рамките и надвор од границите на своите земји членки. Промовира демократкси вредности и се посветува на мирното решавање на спорови.. Доколку дипломатски средства не успеат, го поседува потребниот воен капацитет за преземање на операции за кризен менаџмент и чување на мирот на само или во соработка со други земји и меѓународни организации. НАТО исто така има трета димензија која се состои од активности во полето на планирање на вонредни состојби од невоен карактер, помогнувајќи на сојузниците и партнерите во справување со катастрофи, како и поттикнување на соработка во полето на науката и животната средина.

Бојана Симовска – 17 години.

 

Северно Атлантската Организација (НАТО) е една од најглавните светски меѓународни институции. Станува збор за политичко – воена алијанса која е составена од 29 земји членки од Европа и Северна Америка. Овие земји се состануваат да соработуваат во полето на безбедноста и одбраната. Во тој поглед, НАТО обезбедува уникатна врска помеѓу овие два континенти за политичка и безбедносна соработка.

Тамара Тричковска – 17 години

 

НАТО е организација која треба да се грижи за заштита на луѓето, за да  може да се движиме слободно во безбедна и да имаме економски стабилна средина. Да имаме безбеднос во сите сфери на секојдневниот живот. Треба да се грижи за градењето на мир и стабилност и да се стабилизираат регионите каде што тензиите претставуваат безбендосни закани

Невенка Василевска -17 години

 

  • Што е НАТО?

НАТО претставува трансатланска врска која ги поврзува Европа и Северна Америка во единствен одбрамбен сојуз.Основната и трајната цел на НАТО е да се штити слободата и безбедноста на сите нејзини членки користејќи политички и воени средства.Исто така дејствува и како суштински форум за консултации по безбедни прашања  во интерес на своите членки и како суштински столб за мирот и стабилноста на Евроатланската област.Земјите членки се обврзани да си помагаат помеѓу себе во случај на напад на една од земјите членки. Според моите мислења НАТО е најдобрата организација во светот која се грижи за безбедноста на сите државни членки.Но како и сите така и јас имам поделени мислења за НАТО,едната страна е позитивна  бидејќи  се грижи за слободата и безбедноста  на граѓаните кои живеат во државите кои се членки на НАТО.Исто така ме воодушевува  и тоа што кога една од државите  членки на НАТО биде нападната,

останатите држави се обврзани да бидат во одбрана на нападнатата држава.Другата страна на НАТО е негативна бидејќи сите земјии членки на НАТО плаќаат голем износ на пари  на својата војска,наместо дел од средствата да бидат искористени за добротворни цели. На пример да биде изградена зграда или било каков објек кој ќе ги задоволува условите за живење на човекот,па во тој објект ќе бидат згрижени луѓето кои се соцјално загрозени и луѓето кои се немоќни односно инвалиди и неможат сами да се грижат за себе.Исто така да биде изграден објект каде сите животни скитници ќе бидат нахранети,згрижени и заштитени од злонамерните луѓе кои секогаш го бираат погрешниот а во нивните глави полесниот пат за ослободување од животните а тоа е тровењето или убивањето не само на животните скитници туку и на домашните миленичиња.

Магдалена Ивановска -17 години

 

Организацијата е сојуз на 29 држави и била создадена во 1949-та година како бедем против Советскиот Сојуз.Целта е „да се гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства.“

Филип Иванов-17 години.

 

НАТО е организација чија главната цел треба  да биде безбедноста и одбраната на нејзините земјите членки.

Гоце Аџиски-17 години

 

СОУ Методи Митевски Брицо – Делчево

Ментор проф. Билјана Ивановска

Leave a comment