Тркалај и Погоди

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Суза Ангелевска ВоспитувачЈУОДГ„Орце Николов“ Карпош – Скопје
Ученички тим1. Дисковски Михаил
2. Алебиќ Давор
3. Игнатовска Калина
4. Китановска Катја
Возраст на децата креатори на играта5-6 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта4-10години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

ТРКАЛАЈ И ПОГОДИ-подвижна игра

*Реквизити за игра:
– 29 кегли
– топка.

*Место за играње :
-надвор, сала, просторија

*Предходна подготовка:
Децата се запознаваат со НАТО организацијата и нејзините членки, акцентот се става
на знамињата на земјите членки кои треба децата да ги препознаваат и именуваат.

*Насоки за играње:
Играта може да се игра во сала за вежбање, во двор или просторија во домот.
На едниот крај наредени се 29 крегли (на нив се залепени знамињата од 29-те членки
на НАТО) за куглање кои се наредени една до друга во три реда.
Едно дете со топка фрла накај нив (ја тркала) и оние кегли кои ќе ги турне треба да
погоди, да го препознае, именува, знамето кое се наоѓа на нив, на која држава и
припаѓаат.Ги зема знамињата кои ќе ги погоди, другите повторно ги враќа во
редицата.Потоа погодува другата екипа.
Се игра додека не ги погодат сите знамиња, а победник е оној кој има повеќе кегли.

*Цел на играта:
Играта овозможува кај децата:
-Да се развијат способности за тимска работа,
– Да се развива способноста за координација на телото и одржување на рамнотежата.
-Да се развива фината моторика и манупулативните вештини (контрола на дланките и
прстите).
-Да се усоврши функцијата на перцептивните органи.
– Да се развива способноста за ориентација во просторот;
-Да се поттикнува за мисловна класификација и мисловна серијација преку говорно
творештво;

Leave a comment