Училиште за странски јазици „Кариера и Успех“ – Пробиштип

НАТО е организација. НАТО е политичка работа каде има претседатели. И има два човека кои се борат за претседател на една држава. – Милан Јовчевски, 11 год.

Јас мислам дека НАТО е инжењер на собранието кога собранието се градело. – Тамара Марковска, 11 год.

НАТО е организација на држави. Таму Зоран Заев и Доналд Трамп склучуваат договор да се отвори фабрика ЗокоТрамп што ќе произведува корнфлекс. – Лука Пашовски, 11 год.

НАТО е политика и некоја организација во која Македонија пробува да влезе. – Андреа Ристовски, 11 год.

Јас мислам дека е некоја политика на Доналд во Америка, и се збори дека Македонија ќе влезе во НАТО. – Андреј Радојковски, 11год.

НАТО е организација на безбедност, а тоа е кога сме сигурни. – Марко Гаврилов, 11 год.

НАТО е политичка организација во која во секое собрание има КАРАЊЕ, КАРАЊЕ зборење, зборење, КАРАЊЕ!!! – Христијан Атанасов, 11 год.

Јас мислам дека НАТО е политика. Тоа значи дека произведува корнфлекс и убаво кафе. Таа компанија работи во Америка и сите луѓе го сакаат и препорачуваат натокафе и натокорнфлекс. – Леон Донев, 11год.

НАТО е организација на повеќе држави што нѐ штити од крадци и криминалци. – Љубена Лазарова, 11год.

Јас мислам дека НАТО е склучување договор за да може да се измени име на град или држава. – Милена Петрушевска,11год.

НАТО е организација на некоја партија. Во таа партија има претседател. Таа може да биде и политичка некогаш. – Јована Јовановска, 11 год.

НАТО е заедница во која се извршуваат работи за помагање на други лица по потреба. – Матеј Марковски, 12 год.

Јас мислам дека НАТО е здружение во кое луѓето настојуваат да го здружат народот да нема повеќе насилство. – Јована Димитриевска, 11 год.

НАТО е книга во која се пишува нешто нешто магично. – Михаела Трајанова,11 год.

 

Ментор: Сашка Јовановска

Leave a comment