Ментор/Автор Професија Училиште и град
Весна Јовановиќ   Наст. по информатика   ООУ „Димче А. Габерот“ – Демир Капија
Ученички тим1. Марија Ристова
2. Марија Јованова
3. Ивана Најдовска
4. Даница Симитчиевска
Возраст на децата креатори на играта14 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта9-18 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

-Играта може да ја играат од два до максимум 4 играчи во дадено време. Секој играч избира со какво пионче ќе игра (за избор има знаменца на држави во НАТО или човечиња).

-Играта ја започнува играчот кој со фрлање на коцката ќе добие најголема бројка (1-6), ја поставува на Старт полето и уште еднаш фрла коцка, се поместува онолку полиња колку што добил со фрлањето на коцката. На ред е следниот играч кој добил следна најголема бројка со фрлање на коцката на почетокот.

-Играчот кој ќе застане на поле каде има знаме на некоја од државите на НАТО влече картичка со прашања за НАТО, доколку играчот точно одговори има право повторно да фрла коцка, доколку не одговори на ред е следниот играч. *Дали е точен или не одгорот, за секоја картича има и одговор на картички со точни одговори на прашањата кои имаат бројки.

-Ако играчот застане на поле кое е веќе зафатено од соиграч истиот го руши и тој испаѓа од игра и бидејќи е во предност со тоа што исфрлил играч не фрла повторно коцка туку редот е на следниот играч.

-Играчот кој е срушен од некое поле може повторно да влезе само доколку добие шестка по две фрлања на коцката.

-Доколку играч застане на полето каде има вода се лизга и се спушта ниво подолу со што е уназаден во играта; Доколку се застане на полето со скали или автопат играчот се подига ниво нагоре и истиот е во предност плус има право да фрла уште еднаш коцка.

-Победник е оној играч кој прв ќе стигне до полето круг со симболот за мир во него (гулаб со гранче). Останатите играчи може да ја продолжат играта за второ и трето место по избор.

Leave a comment