Чекор по чекор – учиме за Нато

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Станче Штерјовска   Професор по одделенска настава   ООУ,, Крсте Мисирков “ Куманово
Возраст на децата креатори на играта8 и 9 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта8, 9 и 10

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Играта може да се игра индивидуално или во парови.

  1. Индивидуална игра
    Во играта учествуваат најмалку 2 , а најмногу 4 натпреварувачи. Во играта се влегува кога на коцката ќе се добие 6. За секое следно вртење штипката се поместува за толку полиња колку ќе се добие на коцката. За секој точен одговор се оди 2 полиња напред, а за секој неточен одговор натпреварувачот се враќа 1 поле наназад. На одредени места играчот може да се качи на неколку полиња понапред, а на некои неколку полиња наназад.( Упатствата за тие полиња се дадени на самото поле од играта. Победник е оној кој прв ќе стигне на целта.
    Додека трае играт секој играч има право еднаш да побара помош од пријател . Во тој случај штипката се поместува за едно поле, а не за две полиња.
  2. Групна игра
    Во играта можат да учествуваат 2 или 4 групи со еднаков број на играчи . Во секоја екипа може да има од 2 до 4 натпреварувачи. Во играта се влегува кога групата ќе добие број 6 при вртење на коцката.
    За секое следно вртење штипката се поместува за толку полиња колку ќе се добие на коцката. За секој точен одговор се оди 2 полиња напред, а за секој неточен одговор натпреварувачот( групата) се враќа 1 поле наназад. На одредени места играчот може да се качи на неколку полиња понапред, а на некои неколку полиња наназад.( Упатствата за тие полиња се дадени на самото поле од играта.Сите членови на групата најизменично фрлаат коцка и одговараат на добиеното прашање. Секој играч одговара сам на своето прашање . Додека трае играт секој играч има право еднаш да побара помош од соиграчите од групата со кои игра. Во тој случај штипката се поместува за едно поле, а не за две полиња нанапред ако е точен одговорот. Ако одговорот не е точен се враќа назад за едно поле. Победник е онаа група која прва ќе стигне на целта, односно до бројот 29.

Leave a comment