Ментор/Автор Професија Училиште и град
Кристина Стојанова   Ликовен педагог   ОУ„Гоце Делчев“ Битола
Ученички тим1. Ангела Поп Гиновска
2. Матеа Стојанова
3. Филип Баљаров
4. Петар Сотиров
Возраст на децата креатори на играта13-14 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта12-18 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Правила на играта:

  • Играта е составена од : мапа за играње, 4 пиони,1 коцка, 50 картички со прашања и одговори поврзани со НАТО,картички со шанси и  книжни пари, ;
  • Играта е составена од 4 играчи и еден банкар;
  • Мапата за играње е составена од 24 полиња од кои 16 се можност за одговарање на прашање за НАТО, 4 се шанса, 2 затвор,1 банка, и 1 старт;
  • Играта се игра точно 30 минути, а банкарот е должен да го мери времето;
  • Пред почетокот на играта банкарот на секој играч му дава по 2000 паричи;
  • Најпрво сите играчи ја фрлаат коцката и оној со најголема бројка ја започнува играта и истата се движи во стрелките на часовникот;
  • Секој играч ја фрла коцката и според добиениот број се движи по мапата за игра;
  • Доколку играчот застане  на поле со НАТО прашање има можност да одгоара на прашањето кое ќе го извлечи од картичките со прашања; Прашањето го чита банкарот и доколку одговорот е точен добива 200 парички, а доколку не е точен е должен на банката да и плати 500 парички;
  • Доколку играчот застане  на полето Банка добива 100 парички, а доколку застане на полето Затвор пропушта две фрлања и е должен на банката да и плати 200 парички;
  • Доколку играчот ги помини сите полиња и повторно стигни на Старт, тогаш добива 100 парички,
  • Доколку некој од играчите банкротира, за него играта е завршена;
  • На 30 минути од почетокот на играта банкарот ја прекинува играта и пребројуваат кој колку пари има; Играчот со најголема сума е победник на играта;

Leave a comment