Едукативна друштвена игра Меморија

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Јасмина Муриќ   Професор по предучилишно воспитание   ЈОУДГ ,,Фидани ,, Скопје
Возраст на децата креатори на играта5-10 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта5-10 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Кутијата МЕМОРИЈА содржи:

  • една карта на светот,
  • постер или слика со држави членки на НАТО ,
  • 58 мали картички кои на едната страна го имаат логото на НАТО а другата страна се застапени сите знамиња на држави членки на НАТО,
  • бели картички кои на едната страна се прикажани  детски слики- апликации ,а на другата се напишани помалку познати зборови од од Речникот  кој е дел од прирачникот ,,Што знаеме за НАТО ,,
  • за играта може да се користи и глобус

Оваа едукативна друштвена игра е соодветна за возраст од 5 до 10 години.
Играта може да се игра во пар со две деца , во зависност од интересот може да се игра и до 4 деца.

Целта на играта  може да се развие во повеке аспекти и фази кај децата во однос на интелектуалниот ,когнитивен , психолошки ,емоционален  и физички развој.

Пред се е учење на помалку познати зборови од Речникот застапен во прирачник ,, Што е тоа НАТО ,, правилно именување ,правилен изговор и користење на зборовите во секојдневна комуникација на децата.Поттик на креативност и фантазија ,развој на љубопитност и поттик на истражувачка активност кај децата .Збогатување на социјално искуство поттик на дружељубивост и позитивни чувства и емоции,развој на фина моторика кај децата. Стекнување знаења за земји членки на нато и како изгледаат нивните знамиња.

Пред да се започне со  играта меморија  со децата имаме подготвителна активност во склоп со прашањата од прирачникот од првата фаза односно децата со помош на картички обележани со слики преку препознавање на сликите од картичките ке учат помалку познати зборови како што се АСПЕКТ, АЛИЈАНСА, БУЏЕТ, ДИЈАЛОГ, ДРЖАВА, ЕКОНОМИЈА ,ИСТОРИЈА ,КОМПАС, КОНТИНЕНТ, КУЛТУРА, НАУКА, ПАРТИЈА, ПАКТ, СОЈУЗ, ЗНАМЕ, ПРОЦЕНТ и др.

Детето избира картичка со апликација потоа се чита зборот напишан позади картичката ,сите заедно даваме одговори што значи тој збор ги дискутираме одговорите а на крајот го кажуваме точниот одговор,односно појаснување на зборот .Така децата имаат можност да ги научат тие помалку познати зборови од речникот токму преку именување и повторување .

Продолжуваме со игра меморија . Децата ги редат картичките сите завртени со страна лого на НАТО. Доколку играат повеке деца едно по едно отвара пар карти за да најде пар исти знамиња на една држава. Детето кое ке најде пар исти знамиња има задача да ја именува државата и да ја најде на карта на светот или да ја посочи државата на Глобус, другите деца во играта внимаваат дали ке се даде точниот одговор .

Leave a comment