Ментор/Автор | Професија | Училиште и град |
Снежана Насевска | Професор по Хемија | СОУ Наум Наумовски Борче – Пробиштип |
Ученички тим | 1. Стефанија Ангеловска 2. Радмила Јовановска 3. Софија Добривоевска 4. Антонија Петковска |
Возраст на децата креатори на играта | 15-17 години |
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта | 10+ години |
Упатство за игра- Чекори и правила за игра
„Монопол-Учиме за НАТО „ – е тимска игра со играчи од 2 до 4 , секој од играчите има по 1 пион и 5 бонуси во случај да не го знае одговорот на прашањето може да искористи еден од нив , а ако не сака да земе бонус и да го види одговорот на прашањето се враќа поле назад. Со секое завртување на коцката играчот оди толку полиња напред , на кој број застане ,го бара прашањето во центарот и го одговара. Во случај ако играчот не го знае одговорот на прашањето , погледнува картичка на која го пишува бројот на тоа прашање и со тоа искористува бонус за да остане на тоа поле.
Секој играч има право од три пати да даде свој одговор на прашањето , ако го погреши прашањето од три пати а не е побарал да го види прашањето односно да искористи од 5те бонуси тогаш се враќа на СТАРТ.
При играњето на играта ќе се сретенете и со едно поле со „?„ а тоа значи дека ве следи изненадување , тогаш играчот зема 1 од тие картички и го исполнува предизвикот што го пишува. Доколку 2 играчи застанат на едно поле , тогаш вториот играч има право на две опции:
А) Да врти уште еднаш и да оди на полето што му се паднало.
Б) Да му постави едно прашање од наведените и тој да го одговори за да не го сруши и тој играч да се врати на старт.