Натотека

Ментор/Автор Професија Училиште и град
Сузана НиколоскаПрофесор по Македонски јазикООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – Прилеп
Ученички тимЛеонид Силјановски
Возраст на децата креатори на играта12 години
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта7-14 години

Упатство за игра- Чекори и правила за игра

Натотека е едукативна друштвена игра чија цел е децата од помала возраст да се запознаат со основните поими за НАТО.

Изборот на прашања и разиграната изработка се токму за таа цел.

Играта е наменета за двајца играчи. Секој играч треба точно да одговори на 10-те прашања за да стигне до крајот на играта. Победник е онај играч кој прв ќе го направи тоа.

Стартот се одредува со помош на стрелка која се наоѓа на средишниот дел од подлогата. Прв е онај играч кој што прв ќе го добие полето со боја на неговото пиунче. Доколку стрелката застане на боја која не е иста со бојата на пиунчето тогаш играта ја продолжува другиот играч.

Секое прашање има точен одговор кој е сокриен во играта ,на тој начин играта овозможува секој играч кој не го знае точниот одговор да го научи, а со тоа и да го надгради своето знаење.

Во играта има и полиња кои доколку играчот не одговори точно на прашањето го враќаат на почеток со цел прашањата да се повторат.

Првото прашање е со два понудени одговори, доколку играчот избере точен одговор оди на следното поле со прашање бр.2, а доколку избере погрешен одговор тогаш се враќа на полето означено со СТАРТ.

Второто прашање е со три понудени одговори кои се запишани на картички сместени во џеб. Картичките се со различна боја, а точниот одговор се крие на картичката со боја која се совпаѓа со бојата означена покрај златната лента. Откако прашањето ќе се одговори точно таа картичка се поставува (лепи) на златната лента.

На полето од третото прашање е поставена мини табла (пиши-бриши) на која играчот треба да го запише точниот одговор. Точниот одговор е сокриен на картичка до која ќе се дојде доколку се следи правецот на стрелката.

Четвртото прашање е со два понудени одговори.Точните одговори се запишани во внатрешноста на круговите,а ќе се дознаат откако ќе се повлечат златните ленти.

Петтото прашање е во форма на цвет,со четири понудени одговори од кои само еден е точен. Насмеаното смајли го означува точниот одговор,додека тажното погрешниот.

Играчот треба да биде посебно внимателен на ова прашање бидејќи доколку се одбере погрешен одговор тажното смајли може да го “казни“ со:пропуштање на едно вртење,пропуштање на две вртења и со враќање на СТАРТ.

Наредните четири прашања (6-то, 7-мо, 8-мо и 9-то), се прашања во облик на книги каде што одговорот е сокриен на последната страница. Десетото прашање е исто за двајцата натпреварувачи. Тие треба да одговорат на прашањето како изгледа знамето на НАТО, а ќе знаат дали одговориле точно откако сложувалката која се наоѓа во џебот ќе ја состават во средишниот дел наменет за тоа.
Победник е онај играч кој успешно ќе ги заврши сите прашања.

Leave a comment