ООУ “Димче Ангелов Габерот“ – Демир Капија, IV-б одделение

НАТО е заедница помеѓу многу држави. Јас мислам дека во НАТО е многу убаво и дека таа претставува многу убава заедница. Јас мислам дека таму има многу држави. Државите имаат многу луѓе. – Стефан Камчев, 9 години

НАТО е како човек, и е како претседател. – Ѓурѓина Илиева, 9 години

НАТО е кога луѓе од различни држави ќе се соберат на едно место и се договараат кој ќе биде претседател. Јас го замислувам како големо, дебело и цврсто јаже, како ортома. – Тара Стојковиќ, 9 години

Јас моето НАТО си го замислувам како во некој град има многу згради. И сите тие згради се цврсти и се направени од челик. – Драган Јованов, 9 години

НАТО е полно држави собрани заедно. На сите луѓе од државите им го пишува зборот НАТО. – Љубица Аџиева, 9 години

НАТО е политика. Тоа се европски држави, ставени на едно место. – Бобан Мелов, 9 години

НАТО е како птици во воздух, што летаат и стојат или на куќа или на зграда. – Ивона Јованова, 9 години

НАТО е голема зграда во која се одржува гласање. Пред зградата се наоѓа голем парк, кој е украсен со зелени растенија. – Зорана Каранфилова, 9 години

НАТО е некоја голема и цврста зграда. – Илија Петков, 9 години

Наставник/ментор: Валентина Тодорова

Leave a comment