ООУ„Маршал Тито“ – с. Муртино, Струмица, Симона Малчева – 10 години

НАТО или Северноатлантската алијанса,понекогаш нарекувана Атлантска алијанса или Западна алијанса,е меѓународна безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Северноатланскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел,Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки во одговор за напад од надворешни лица. НАТО придонесува за спречување на конфликтите во рамките и надвор од границите на своите земји членки. Промовира демократски вредности и се посветува на мирното решавање на спорови. НАТО исто така има и трета димензија која се состои од активности во полето на планирање на вонредни состојби од невоен карактер, помогнувајќи ги сојузниците и партнерите во справување на катастрофи, како и поттикнување на соработка во полето на науката и животната средина.

Симона Малчева-10 години

ООУ,,Маршал Тито“  с. Муртино

Ментор: Верка Урдовска

Leave a comment