ООУ„Маршал Тито“ – с. Муртино, Струмица, Томче Петров – 10 години

НАТО или Северноатлантската алијанса, понекогаш нарекувана Атлантска алијанса или Западна алијанса на 29 земји , е меѓународна безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Северноатланскиот договор 4 Април 1949 година.                                                            

Според овој договор, основната улога на НАТО е да ја штити слободата, заедничкото наследство и цивилизациските вредности на своите народи, засновано на принципите на демократијата, индивидуалната слобода и владеење на правото. Алијансата претставува трансатланска врска која ги врзува Европа и Северна Америка во единствен одбранбен и безбедносен сојуз. За оваа цел НАТО обезбедува колективна одбрана за своите членки уште од нејзиното формирање во 1949 година. Исто така дејствува и како суштински форум за консултации по безбедносни прашања во интерес на своите членки и како суштински столб за мирот и стабилноста на Евроатланската област.

Томче Петров – 10 години

ООУ„Маршал Тито“ с. Муртино, Струмица

Ментор: Верка Урдовска

Leave a comment