Одделенски наставник- Соња Атанасовска – одделение 42
О.О.У. Тодор Ангелевски-Битола
- Мини приказна ,,Што е НАТО?”
– Мислења: НАТО е емисија на TV.
– Ставови: Емисија со наслов ,,НАТО”, ама незнам во колку часот почнува, незнам колку трае и незнам на кој TV канал се емитува.
– Очекувања: Ќе купам весник со програми за TV емисии да прочитам.
– Анабела Гилевска 9 год.
_____________________________________________
– Мислења: НАТО е сонце.
– Ставови: Јас мислам дека ,,НАТО” е сонце. Тоа сонце грее секогаш кога државите се сложуваат и секогаш кога работаат заедно без да се караат. Кога државите не се сложуваат излегуваат облаци и го покриваат сонцето.
Очекувања: Се надевам и очекувам дека сонцето ќе грее секогаш,многу сакам лето дае жешко.
– Марија Клоштевска 9 год.
_____________________________________________
– Мислења: НАТО е книга.
– Ставови: Книга која има многу страни. Името на НАТАША која
ја викам НАТО ете тоа мене ми значи НАТО.
– Очекувања: Жирито од натпреварот каде што ќе учествувам ќе
ми ја додели најголемата најубавата награда за прво место.
-Иван Бошевски 9 год.
____________________________________________
– Мислења: НАТО е топка.
– Ставови: На улица слушнав дека ,,НАТО” шутка,мава и пенали дава. Па затоа мислам дека е топка.
– Очекувања: Ќе одам кај чичко Кољо да прашам дали е точно моето мислење,затоа што тој кажуваше за пеналите,шуткањето…
Даниел Апостолов 9 год.
_____________________________________________
– Мислења: НАТО е манџа.
– Ставови:Баба вели направив турлитава манџа, бучкуруш мнџа, грав манџа,компир мнџа, сигурно има и ,,НАТО” манџа, ама сеуште нема направено ваква манџа за да ја пробам и да кажам што е,,НАТО” манџа.
– Очекувања: Кога ќе ја пробам ,,НАТО” манџата ќе напишам состав, каква е и што е,,НАТО” манџа.
Петар Гулугаровски 9 години.
______________________________________________
– Мислења: НАТО е проект.
– Ставови: Учителката кажа за ,,НАТО” проектот. За учество треба да напишеме искрени мислења, точни искажувања. Точно што мислам јас, да напишам. Еве точно ќе напишам. Ништо не знам. Знам дека,,НАТО” е проект…хм…Што да напишам?
–Очекувања: Да читам или да прашам!?… Што е ,,НАТО” .
Викторија Ставревска 9 год.
______________________________________________
– Мислења: НАТО е бабин лек.
– Ставови: Баба прави од треви лекови. Таа вели дека има лек НАТО,ако го употребиш болеста ќе експлодира, се умира, сите бактерии, колку е тоа вистина,појма немам.
– Очекувања: Се надевам дека баба знае што прави и дека нема да умреме туку ќе сме здрави.
Димитар Василевски 9 год..
______________________________________________
– Мислења: НАТО е зелена краставица.
– Ставови: Дедо одгледува зелени краставици. Еден ден бев немирен и ми рече дека сум зелена искривена и скапана НАТО зелена краставица…не разбрав каква е та искривена краставица.Го прашав и ми се обрати дека ке сум знаел кога ќе имам многу години.
–Очекувања: Можеби ќе разберам од некој друг,а не од дедо ми.
Давид Сулејмановски 9 год.
________________________________________________
– Мислења: НАТО е подарок.
– Ставови: Мене подароците многу ме радуваат јас многу сакам да добивам подароци
–Очекувања:Јас на тие што ги сакам , секогаш ќе им давам подароци.
За да се среќни како мене.
Теона Нечовска 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е цртеж.
– Ставови: Цртеж што некој го црта и некогаш ќе биде готов и прекрасен како цвеќе. А тоа некој сакам да бидам јас и ќе бидам.
–Очекувања: Се надевам дека некој ден ќе гонацртам и ќе бидам најдобриот цртач што тој ми го подари. Затоа ќе верувам во НАТО затоа што е полн со цртежи и ќе најдам полно цртежи.
Симона Матлијовска 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО едрво.
– Ставови: Кога дрвото расте, расте и НАТО се поголем и поголем затоа што се фклучуваат уште држави.
–Очекувања: НАТО сакам да ги подржува државите што се во него и да се бранат од другите држави што не се во него.
Иван Јанински 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО се облаци.
– Ставови: Тие се тријат и создаваат молњи, јас од нив се плашам.
–Очекувања: И покрај врнењето и грмењето јас очекувам дека ќе изгрее сонце и ќе бидам среќен.
Иван Миовски 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО е мотор.
– Ставови: Оти се многу рзи мотори и не носат до целта. И победувам многу медали,пехари и пари, дека сум прво место.
–Очекувања: Кога ќе пораснам ќе имам брз мотор од марка НАТО и ќе бидам прв и најбрз.
Дамјан Звездаковски 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е БЕНД.
– Ставови: НАТО е БЕНД музичка група.Кога ќе си свирач можеш да бидеш најпознатиот во светот
–Очекувања: И јас ќе се вклучам во тој БЕНД музички.
Марио Јовановски 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО ебукет
– Ставови: Буќет подарувам на тие што ги сакам. Цвеќината се миризливи и шарени. Шират опоен мирис, од кој пчелите се насладуваат.
–Очекувања: Се надевам дек во продавниците за цвеќе ќе ј најдам буќет НАТО и ќе го подарам на некој што ги сакам.
Матеа Груевска 9 год.
________________________________________________
– Мислења: НАТО е капак.
– Ставови: Што ги затнува сите тенџерина што клокотат.
–Очекувања: И јас сакам мајка ми да си купи таков капак, за да не и прска на мајка ми кога нешто ќе прави.
Александар Долевски 9 год.
________________________________________________
– Мислења: НАТО е миксер.
– Ставови: Нато е миксер знам. Комшивките доаѓаат на кафе кај нас. Зборуваат со мама дека НАТО прави нешто, незнам што . Но еднаш слушнав дека – миксираат нешто, мешаат, па потоа сервираат…можеби вкусна торта.
–Очекувања:Затоа знам дека е миксер- најнов модел НАТО, ќе и речам на мама да си купиме и ние, мама ќе ми меша сладолед многу сакам.
Руби Михаилов 9 години.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е знаме.
– Ставови: Кога знамето се вее сите се среќни, а кога знамето не се вее ситесме тажни. За добро на лугето сите знамиња треба да се вејат високо до вишното небо. Сонцето да ѓи грее и милно да се смее.
–Очекувања: Јас очекувам секогаш знамето да се вее затоа што лугето се среќни.
Ана Василевска 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО е сончоглед
– Ставови: НАТО се врти кон сонцето, како шапка сончоглед- рече вујче.
–Очекувања: Не се сомневам дека НАТО е некоја сорта на сончоглед,можи повеќе раѓа сончоглед.
Вујче секогаш кажува точни одговори. Затоа и за НАТО си знам што е.
Амра Сулејманов 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО е педалинка
– Ставови: Со неа во Преспанското Езеро се возиме наваму, натаму,угоре,удолу…Возрасните зборуваат Преспа НАТО , ваму,таму…незнам што е и незнам какво е.
–Очекувања: Еден ден ќе научам.
Елена Мијаковска 9 год.
__________________________________________________
– Мислења: НАТО е машина.
– Ставови: НАТО е машина..врти лево, десно(како машина за перење алишта) ама не е баш таква машина.
Ова го слушнав на улица кога си играв, од возрасни луѓе…се врти ваму,таму.
–Очекувања: Морам да истражувам и даразберам што е НАТО
Сара Гашовска 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е песна
– Ставови: Песната – Наташа од трето три, во неа се пее НАТО, НАТО мое злато…
–Очекувања: Убаво име е НАТО, НАТО , Наташа…ќе составам и јас слична песна.
Христијан Бошевски 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е… НАТО е… НАТО е…
– Ставови: Колку тешко прашање. Јас учителке незнам…ама мислам дека можеби е токи воки зазборање.
–Очекувања: Морам данаучм…ќе истражувам.
Алијана Демирова 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е име на јогурт.
– Ставови: Во продавница има Битолски јогурт, Суташ јогурт,прилепски јогурт, јогурт за слабеење.Има и НАТО јогурт, ама незнам во која продавница.
–Очекувања: Ќе ја прашам мама, таа знае се.
Наталија Ристевска 9 год.
_________________________________________________
– Мислења: НАТО е врата.
– Ставови: На ТВ на вестите видов врата плава со ѕвезди и збораа за НАТО .Ете тоа е НАТО.
–Очекувања: Сепак ќе се распрашам за точно да знам.
Методија Божиновски 9 год.