ОУ „Кочо Рацин“ – с.Ивањевци , Могила, VI одделение

Во една не така далечна земја, не многу одамна, постоеше едно кралство. Во кралството сите беа среќни, убаво си живееја, се почитуваа едни со други. Кралот беше добар, праведен и мудар. Тој имаше керка по име Слобода. Слобода беше многу убава, но и многу мудра за своите години. Често пати го советуваше татка си во некои одлуки. Од нејзините очи бликаше милост и добрина. Во тоа кралство убаво се живееше и секој би позавидел на таква благосостојба. Надалеку се слушаше за убавиот живот и среќата која таму владеше.

Добриот глас далеку се слуша , па така допре и до една голема група завидливи луѓе кои веднаш тргнаа кон кралството за да видат што е тоа.

По неколку дена патување стигнаа до кралството и беа вчудоневидени од убавините кои таму ги гледаа. Еден ден ја сретнаа и  Слобода, толку многу убава и мила и решија веднаш да ја грабнат, но на улиците имаше премногу граѓани и затоа се повлекоа и почнаа да размислуваат како да го направат тоа.

За среќа еден од граѓаните ги слушна и потрча брзо кај кралот.  Кралот многу се уплаши. Не знаеше што да направи со толку малку војници во својата гарда и затоа реши да ја скрие својата ќерка во соседното карлство, со надеж дека таму ќе биде безбедна од натрапниците.

Но нејзината убавина и милост лесно се забележуваа, па натрапниците за брзо време дознаа каде е Слобода и се упатија кон соседното кралство.

Се прашувате колку е голема војската на ова соседно кралство? Ќе може ли да ја заштити Слобода?

Не. И овој крал живеше мирен живот и никогаш немаше потреба да има голема и силна војска, освен неколку стражари на капиите, за добре дојде. Затоа двата кралеви немаа друг избор и заедно со Слобода побегнаа скришно во третото царство на нивниот пријател крал, со надеж дека можеби токму тој може да ги заштити од натрапниците.

Но, повторно истата приказна.

Што да прави сега таткото на Слобода? Мислеше, мислеше и најпосле смисли…

За среќа, на неговите пријатели, кралевите на второто и третото кралство, многу му се допадна неговата идеја за тајно здружување на трите војски, па веднаш го послушаа.

Да , заедно ќе бидат посилни и ќе можат да ги победат натрапниците!

Следните денови се припремаа во тајност, а натрапниците незнаејки за договорот помегу кралевите лесно изгубија од здружената војска која веќе имаше одличен план за одбрана.

Така Слобода се врати во својот дом и среќно си живееше со својот татко, а од тој ден сите кралеви од секаде се придружуваа кон оваа идеја и ниту еден натрпаник повеќе не се осуди да ги нападне.

Поучени од оваа приказна и денес повеќе земји ги здружуваат  своите армии за да се одбранат од напаѓачите и да ја бранат својата Слобода!

Денес 29 „кралства„  меѓусебно здружени ја зачуваат слободата и доброто живеење преку организација која се вика НАТО !

Леонид Јанковски , Андреј Паревски VI  одд.  12 год.

Ментор: Михајло Костов

Leave a comment