Што знаеме за НАТО?

70 прашања и одговори по повод 70 годишнината од основањето на НАТО

ЗНАЧЕЊЕ, ИСТОРИЈА, ЛОЦИРАНОСТ, ШИРЕЊЕ

1. Што е НАТО?

ОДГОВОР
Меѓународна безбедносна организација (воено политички сојуз).

2. Што значи кратенката НАТО?

ОДГОВОР
Северноатлантска алијанса (Организација на Северноатлантскиот договор).

3. Во кој град во САД е формирана НАТО?

А) Бостон
Б) Филаделфија
В) Чикаго
Г) Вашингтон

ОДГОВОР
Вашингтон

4. Кога е формирана НАТО?

А) април 1969 година;
Б) април 1929 година;
В) април 1949 година;
Г) април 2019 година.

ОДГОВОР
април 1949 година

5. Во какви политички услови се формира НАТО?

А) по Првата светска  војна во услови на политичка и воена нестабилност;
Б) во услови  на политичка и воена нестабилност по Втората светска војна;
В) во услови на политичка нестабилност по распадот на комунистичкиот блок во централна и источна Европа.

ОДГОВОР
во услови на политичка и воена нестабилност по Втората светска војна.

6. Кои биле основните цели на НАТО за време на нејзиното формирање?

А) завршување на Втората светска војна;
Б) меѓусебна заштита (воена и политичка);
В) културата и науката.

ОДГОВОР
Б) меѓусебна заштита (воена и политичка).
Подоцна целите на НАТО се прошириле на сите полиња на соработка кои постојат помеѓу државите членки на НАТО.

7. Кои земји членки се основачи на НАТО?

А) Западна Германија, Италија, САД, Канада, Франција;
Б) Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Велика Британија и САД;
В) САД, Канада, Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Турција.

ОДГОВОР
Б) Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Велика Британија и САД

8. Кои земји се приклучиле први по основањето на НАТО?

А) Унгарија и Чехословачка;
Б) Шведска и Финска;
В) Турција и Грција.

ОДГОВОР
В) Турција и Грција.

9. Која земја последна се приклучила на НАТО?

А) Исланд;
Б) Романија;
В) Албанија;
Г) Црна Гора.

ОДГОВОР
Г) Црна Гора

10. Кога НАТО-алијансата го имала своето најголемо проширување?

А) 2002 година;
Б) 2004 година;
В) 2006 година;
Г) 2008 година;

ОДГОВОР
Б) во 2004 година.
Тогаш кон НАТО-алијансата се приклучиле следниве 7 држави : Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија.

11. Во колку етапи на проширување НАТО успеала да го достигне денешниот број на членки?

А) 5
Б) 6
В) 7
Г) 8

ОДГОВОР
Г) 8
1952 год., 1955 год., 1982 год., 1990 год., 1999 год., 2004 год., 2009 год., 2017 год.

12. Дали во НАТО членуваат само земји од Европа?
А) да
Б) не

ОДГОВОР
Б) не.
Покрај најголемиот број земји од Европа, во НАТО членуваат САД и Канада кои се наоѓаат на континентот Северна Америка и Турција која е евроазиска држава.

13. Колку држави се членки на НАТО?

А) 32
Б) 29
В) 40
Г) 82

ОДГОВОР
Б) 29

14. Како изгледа знамето на НАТО?

А) Знамето на НАТО има темносина основа со бел амблем кој всушност претставува компас
Б) Знамето на НАТО има темносина основа со бели ѕвезди во круг

ОДГОВОР
А) Знамето на НАТО има темносина основа, со бел амблем кој всушност ги претставува стрелките на компасот со четирите бели линии кои излегуваат од него. Знамето е одобрено на 14 октомври 1953 година.

15. Каде се наоѓа седиштето на НАТО?

А) Минхен;
Б) Париз;
В) Осло;
Г) Брисел.

ОДГОВОР
Г) Брисел

НАТО ЈА ПОЧИТУВА ПОЛОВАТА ЕДНАКВОСТ

16. Во организации како НАТО секогаш членуваат само мажи?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
Б) не
НАТО во целост се грижи за вклучување на жените при остварувањето на своите цели, мисии и задачи.

17. Во кои сектори на НАТО се застапени жените?

А) само како административни работнички;
Б) само како воени лица;
В) во сите сектори на НАТО.

ОДГОВОР
В) во сите сектори на НАТО

18. Во колкав процент жените се застапени во вооружените сили на НАТО?

А) повеќе од 10 проценти;
Б) помалку од 5 проценти;
В) не се застапени.

ОДГОВОР
А) повеќе од 10 проценти
Просечниот процент на жени во вооружените сили на земјите членки на НАТО беше 10,9% во 2016 година, со тенденција на растење.

19. Во колкав процент жените се застапени во останатите сектори на НАТО?

А) 10 – 15 проценти;
Б) 15 – 30 проценти;
В) 25 – 40 проценти.

ОДГОВОР
В) 25 – 40 проценти
Во различни сектори на НАТО кои не ги опфаќаат вооружените сили, процентот на застапеност на жените варира од 25 до 40 %, со тенденција, според програмите на НАТО, оваа бројка да биде во постојан пораст.

НАТО НЕ Е САМО ВОЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

20. Дали НАТО е само воена организација?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
Б) не
НАТО е воено-политички сојуз кој се грижи за безбедноста на своите членки и безбедноста во светот, воопшто, кој на светската воено-политичка сцена настапува преку договори за разоружување, договори за соработка, договори за одбрана по мирен пат.

21. Дали сите членки на НАТО од европскиот континент истовремено се и членки на ЕУ?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
Б) не
Албанија, Исланд, Норвешка и Турција се членки на НАТО, но не и на ЕУ.

22. На колку континенти според своите членки се простира НАТО?

А) 1
Б) 2
В) 3
Г) 4

ОДГОВОР
В) 3
Турција со својот поголем дел од својата територија се наоѓа на континентот Азија, САД и Канада на континентот Северна Америка, а останатиот и најголемиот дел од членките на НАТО се на континентот Европа.

23. Каде се наоѓаат главните воени центри на НАТО?

А) САД, Италија, Велика Британија, Полска, Франција;
Б) САД, Велика Британија, Франција, Германија, Полска;
В) САД, Франција, Норвешка, Турција, Португалија, Полска;
Г) САД, Велика Британија, Белгија, Италија, Турција, Германија, Полска, Грција, Португалија, Норвешка.

ОДГОВОР
Г) САД, Велика Британија, Белгија, Италија, Турција, Германија, Полска, Грција, Португалија, Норвешка.

24. Организацијата НАТО е поддршка за меѓусебна соработка на нејзините членки?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
НАТО, пред сѐ е организација која значи меѓусебна поддршка и соработка во полето на безбедноста, економијата, правото, културата итн.

25. НАТО се грижи за науката?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
Програмата на НАТО насловена како Наука за мир и безбедност (SPS: Science for Peace and Stability) промовира дијалог и практична соработка помеѓу земјите членки и земјите партнери засновани на научно истражување, технолошки иновации и размена на знаење.

26. Како НАТО се грижи за образованието?

А) Не се потпира на веќе постојниот образовен систем во Европа, САД и Канада;
Б) Има свој посебен систем на образование;
В) Се потпира на веќе постојниот образовен систем во Европа, САД и Канада и има свој посебен систем на образование.

ОДГОВОР
В) Се потпира на веќе постојниот образовен систем во Европа, САД и Канада и има свој посебен систем на образование.

Преку земјите членки се потпира на веќе постојниот образовен систем, но и преку Училиштето на НАТО во Оберамергару, Германија, Училиштето за комуникации и информациски системи на НАТО лоцирано во Латина, Италија, Одбранбениот колеџ на НАТО кој се наоѓа во Рим, Италија, Училиштето за специјални операции на НАТО кое се наоѓа во Киерес, Белгија и други, надградувајќи ги во целост своите потреби.

НАТО И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

27. НАТО се грижи за животната средина?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
НАТО признава дека се соочува со многу предизвици во животната средина. Особено, Алијансата работи на намалување на ефектите врз животната средина и да одговори на безбедносните предизвици кои произлегуваат од неа.

28. Како НАТО ја заштитува животната средина ?

А) преку планови и акции;
Б) преку финансиски планови и реални акции;
В) преку ресурсите на државите членки.

ОДГОВОР
б) преку финансиски планови и реални акции;
Сојузот за првпат во 1969 година ги призна природните предизвици во животната средина со кои се соочува меѓународната заедница и ја основа Комисијата за предизвици на современото општество. До нејзиното спојување со програмата Наука за мир и безбедност во 2006 година, обезбеди единствен форум за НАТО и нејзините партнери земји да споделат знаење и искуство за социјални, здравствени и еколошки прашања, како во цивилниот, така и во воениот сектор. Со текот на годините, сојузничките земји формираа неколку групи на НАТО за решавање на предизвиците во животната средина од различни агли.

29. Тековните активности на НАТО поврзани со животната средина вклучуваат:

А) заштита на животната средина, промовирање практики за управување со животната средина, подготовка и одговор на природни и човечки катастрофи;
Б) изнаоѓање можни модули кои се поврзани со заштитата на животната средина, печатењето летоци, радио емисиите за млади и слично.

ОДГОВОР
А) заштита на животната средина, промовирање практики за управување со животната средина, подготовка и одговор на природни и човечки катастрофи;

НАТО ОД ПОВЕЌЕ СТРАНИ

30. Како се финансира НАТО?

А) секоја земја на НАТО учествува во трошоците;
Б) НАТО го водат финансиски побогатите држави;
В) преку користење меѓународни фондови.

ОДГОВОР
Секоја земја на НАТО учествува во трошоците за водење на Алијансата.

31. Дали НАТО при планирање на својот буџет контактира или соработува со други организации?

А) Не, бидејќи е воен сојуз;
Б) Да, со земјите кои сакаат да бидат членки на НАТО;
В) Контактира и соработува со членките на ЕУ и поголемите економски партнери.

ОДГОВОР
В) Контактира и соработува со членките на ЕУ и поголемите економски партнери.
Паметна одбрана е финансиското планирање со цел да се избегне дуплирањето на трошоците со ЕУ и поголемите економски партнери. 23 членки на ЕУ се истовремено и членки на НАТО.

32. Способностите за електронско војување (EW) се клучен фактор во заштитата на воените сили и во следењето на почитувањето на меѓународните договори. Тие се од суштинско значење за целосниот спектар на активностите и другите задачи преземени од Алијансата. EW може да се примени од море, од копно и од воздушен простор. цели на електронското војување (EW) се и комуникациските врски и радарските системи.
Колку пати НАТО-алијансата од 1996 година досега ги променила своите стратегии и планови, со цел да е во полн тек на научните достигнувања?

А) над 5 пати;
Б) над 10 пати;
В) над 20 пати.

ОДГОВОР
Б) над 10 пати;

33. Новото време носи предизвик од нови воени или хибридни методи на војување кои веќе долго време се користат за да се дестабилизираат противниците. Она што е ново за нападите што се гледаат во последните години е нивната брзина, нивниот обем и интензитет, олеснети со брзи технолошки промени и глобална меѓусебна поврзаност.

Овие нови методи се:

А) вештачки војни без поголема цел;
Б) пропаганда, измама, саботажа и други невоени методи.

ОДГОВОР
Б) пропаганда, измама, саботажа и други невоени методи.
НАТО има стратегија за својата улога во борбата против хибридното војување и е подготвена да ја брани Алијансата и сите сојузници од каква било закана, без разлика дали е конвенционална или хибридна.

34. Дали НАТО или некоја од членките можат да бидат цел на сајбер напади?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
НАТО во целина, па и членките на НАТО не се изоставени од најновиот вид на сајбер напади.

35. Дали НАТО инвестира во сајбер одбраната?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
Сајбер нападите стануваат сѐ почести, софистицирани и штетни, со што сајбер одбраната е врвен приоритет за НАТО.

36. Тероризмот во сите свои форми претставува директна закана за безбедноста на граѓаните на земјите од НАТО и за меѓународната стабилност и просперитет.

Како НАТО се справува со тероризмот?

А) директно со воена конфронтација;
Б) со подобрување на свеста за заканата, со развој на сопствените способности за одговор и зајакнување на ангажманот со земјите партнери и другите меѓународни актери.

ОДГОВОР
Б) со подобрување на свеста за заканата, со развој на сопствените способности за одговор и зајакнување на ангажманот со земјите партнери и другите меѓународни актери.

37. НАТО како воено-политичка организација учествува во борбата против трговијата со луѓе?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
Алијансата иницираше политика на нулта толеранција за трговијата со луѓе, која беше одобрена на самитот во Истанбул во јуни 2004 година.

38. Енергетската ефикасност е важна не само за логистиката и намалувањето на трошоците, туку и за животната средина.

Како НАТО ги решава овие прашања?

А) Со зајакнување на стратешката свест за безбедносните импликации од енергетскиот развој, со поддршка на заштитата на критичната енергетска инфраструктура, со зајакнување на енергетската ефикасност во воените објекти;
Б) Изготвува планови кои треба да се вметнат во идните планови за енергетска ефикасност;
В) Воопшто не го разгледува прашањето за енергетска ефикасност.

ОДГОВОР
А) Со зајакнување на стратешката свест за безбедносните импликации од енергетскиот развој, со поддршка на заштитата на критичната енергетска инфраструктура, со зајакнување на енергетската ефикасност во воените објекти;

39. Колку години постои НАТО?

А) 30 години;
Б) 45 години;
В) 60 години;
Г) 70 години.

ОДГОВОР
Г) 70 години.

НАТО ВРАБОТУВА, СОРАБОТУВА

40. Дали НАТО соработува со други земји и организации?

А) да, со неколку свои партнери и организации;
Б) со над 20 партнери и организации;
В) со над 40 партнери и организации.

ОДГОВОР
В) со над 40 партнери и организации.
Бидејќи заканите како тероризмот, пиратството и сајбер нападите (војни) не знаат за граници, НАТО е посветена на соработката со своите глобални партнери. За зацврстување на безбедноста и стабилноста соработува со над 40 партнери низ целиот свет, како и организации како што се: Обединетите нации, Европската Унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Африканската Унија.

41. Како стануваат членки на НАТО-алијансата земјите кои пројавуваат интерес?

А) преку политика на заеднички интерес;
Б) преку политика на ,,отворена врата“;
В) само преку воени интервенции.

ОДГОВОР
Б) преку политика на ,,отворена врата“;
Политиката на „отворена врата“ претставува основачки принцип на НАТО и значи дека секоја земја во евроатлантската област е слободна да влезе во НАТО ако е подготвена да ги исполни стандардите и обврските за членство. Истото ова придонесува за безбедноста на Алијансата и ги споделува вредностите на демократијата, реформите и владеењето на правото.

42. Дали младите треба да се надеваат на перспектива во НАТО?

А) Не, бидејќи работи со голем степен на безбедност;
Б) Да, бидејќи не е само воена организација, туку и соработува со сите.

ОДГОВОР
Б) Да, бидејќи не е само воена организација, туку и соработува со сите.
НАТО е голема поддршка за младите, односно нуди перспектива за соработка во која можат да се надградат, како на професионален, така и на образовен план.

43. Во НАТО се вработуваат само луѓе потребни на воениот дел?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
Б) не
НАТО регрутира мотивирани цивили кои ја претставуваат различноста на земјите членки и кои можат да направат разлика во начинот на мултинационалното функционирање.

УПРАВУВАЊЕ

44. Самитот на НАТО претставува највисок состанок на организацијата.

Во кој временски интервал се одржува?

А) еднаш годишно;
Б) на секои две години;
В) во различни временски интервали.

ОДГОВОР
В) во различни временски интервали.
Самит се одржува во клучните моменти од развојот на НАТО, значи по потреба.

45. Кој ги носи главните одлуки во раководењето на НАТО?

А) Северноатлантскиот совет;
Б) Советот на генерали;
В) Собранието на пратеници.

ОДГОВОР
А) Северноатлантскиот совет;
Северноатлантскиот совет е главно политичко тело за одлучување во рамките на НАТО.

46. Воениот комитет е висок воен орган во НАТО и најстар постојан орган во НАТО по Северноатлантскиот совет. Двата беа формирани само неколку месеци по основањето на Алијансата.

Поради својата важност Воениот комитет одржува состаноци постојано, а министрите за одбрана се состануваат:

А) еднаш годишно;
Б) најмалку два пати годишно;
В) по потреба.

ОДГОВОР
Б) најмалку два пати годишно;
Воениот комитет, предводен од неговиот претседател, постојано се состанува на ниво на постојани воени претставници а најмалку двапати годишно на ниво на министри за одбрана.

47. Официјални јазици на комуникација во НАТО се :

А) англиски и француски;
Б) англиски, германски и италијански;
В) англиски и германски.

ОДГОВОР
А) англиски и француски;

ПРИДОБИВКИ

48. Како настапува НАТО кон земјите кои сакаат да станат негови полноправни членки?

А) Како кон држави на кои мора да се помага;
Б) Ги тера да донесуваат одлуки кои се економски тешки за нив;
В) Ги вмрежува во програмите на НАТО, со безбедноста на прво место.

ОДГОВОР
В) Ги вмрежува во програмите на НАТО, со безбедноста на прво место (Украина, Грузија, Босна и Херцеговина).

49. Дали НАТО помага во економската стабилност на државите кандидати за членство во алијансата?

А) НАТО е военополитички сојуз кој се грижи само за членките на сојузот, а не и за други држави.
Б) НАТО се грижи само за воено безбедносниот дел на државите кои сакаат да бидат членки.
В) НАТО се грижи за државите кои сакаат да бидат членки, како за безбедноста, така и за целосната стабилност.

ОДГОВОР
В) НАТО се грижи за државите кои сакаат да бидат членки, како за безбедноста, така и за целосната стабилност.
Пред зачленувањето во НАТО, земјите кандидати се во постојана соработка и набљудување од страна на НАТО-алијансата, кое проследено со колективни поединечни договори ја подобрува нивната целосна стабилност.

50. НАТО ја помага цивилната власт во државите членки?

А) Не ја помага цивилната власт, бидејќи е воено-политички сојуз;
Б) Ја помага цивилната власт бидејќи имаат заеднички интерес.

ОДГОВОР
Б) Ја помага цивилната власт бидејќи имаат заеднички интерес.
НАТО ја помага цивилната власт (влади, локални влади, области, региони…) во моментите на заеднички интерес и активности (вежби за заштита од природни непогоди, погодени региони од природни непогоди, едукација, одржување патна и железничка инфраструктура…)

51. Дали НАТО како организација ги надминува споровите кои настануваат меѓу земјите членки?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
НАТО ги надминува споровите помеѓу неговите држави членки преку дијалог.

52. Колкав е вкупниот број на жители на НАТО?

А) над 800 милиони жители;
Б) над 900 милиони жители;
В) над една милијарда жители.

ОДГОВОР
Б) над 900 милиони жители;

53. НАТО-алијансата со своите високи професионални стандарди го надградува својот капацитет на човечки ресурси, според своите потреби.

Дали во НАТО како заедница на 29 држави при вработувањето обрнува внимание на:

А) Кандидатите да се во брак и истите да имаат високо образование;
Б) Да ги почитуваат законите и воените правила на нивната матична држава;
В) Само на високите професионални стандарди.

ОДГОВОР
В) Само на високите професионални стандарди.
Во НАТО-заедницата рамноправно функционираат сите вработени кои ги исполнуваат професионалните стандарди, без разлика на верата, националноста, полот и бојата на кожата.

54. Дали НАТО подразбира поголема безбедност?

А) да
Б) не

ОДГОВОР
А) да
Основна цел од своето постоење до денес е слободата и безбедноста на нејзините членки и светската безбедност воопшто.

55. НАТО-алијансата е структура на 29 земји кои се различни по својата економска, воена, политичка моќ, како и по својата култура, религија, број на жители.

Дали сите членки на НАТО (на Самитот како највисоко тело) се еднакви?

А) Старите членки имаат поголеми права.
Б) Некои држави имаат ограничување при гласањето.
В) Сите се еднакви.

ОДГОВОР
В) Сите се еднакви.
Одлуките се донесуваат со консензус, сите членки мора да се согласат.

56. Секогаш кога НАТО е во извршување на мисија (се мисли надвор од границите на НАТО), државите сојузници регрутираат трупи и опрема да бидат ставени под обединета команда на НАТО. Овие стануваат познати како „сили на НАТО“.

Дали сите членки се обврзани да дејствуваат во мисиите на НАТО со обврзувачки бројки на луѓе, пари, опрема и др.?

А) Да, мора да учествуваат според договорот, обврзани се.
Б) Може да се водат според своите државни интереси, не се обврзани.

ОДГОВОР
Б) Може да се водат според своите државни интереси, не се обврзани.

57. Слободата и безбедноста на земјите членки се основа на НАТО- договорот. Вака поставените работи во НАТО, слободата и демократијата на сите членки се основа за просперитет.

Кога сите членки на НАТО се обврзани да дејствуваат според договорот?

А) Кога некоја држава членка на НАТО отстапува од договореното;
Б) Кога некоја држава членка на НАТО е погодена од природна катастрофа (земјотрес, поплава, ветер…);
В) Кога некоја држава членка на НАТО е воено нападната или под безбедносен ризик.

ОДГОВОР
В) Кога некоја држава членка на НАТО е воено нападната или под безбедносен ризик.
Секако дека државите членки на НАТО меѓусебно си помагаат во сите ситуации кои доаѓаат со текот на времето. Но сепак, тие се силно обврзани да постапуваат по НАТО-договорот кога некоја земја членка на НАТО е воено нападната или под безбедносен ризик, што претставува најголема безбедносна алка на земјите членки (член 5 од Договорот на Алијансата).

58. Најчесто во делот на мисии кои НАТО ги изведува согласно политиката на НАТО, предвид се зема само воениот дел на мисијата.

Дали мисите на НАТО имаат само воен карактер?

А) Да, имаат само воен карактер;
Б) Немаат само воен карактер.

ОДГОВОР
Б) Немаат само воен карактер.
Дел од активностите и мисиите на НАТО во одредени кризни подрачја имаат медијаторска или помирителен ефект.

59. При извршувањето на мисиите (Авганистан, Косово…) во кои делови на општеството НАТО успева да реализира силни перспективни и спомагателни иницијативи и реализации?

А) само на воен план;
Б) во правото, обуката, образованието, транспортот…

ОДГОВОР
Б) во правото, обуката, образованието, транспортот…
Само во мисијата во Авганистан биле вклучени 13 илјади учесници во обуката на идната полиција и безбедносните сили. Покренати се и реализирани иницијативи за изградба на училишта, мостови, амбуланти, владеење на правото и сл.

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И НАТО

60. Колку години нашата држава соработува со НАТО-алијансата?

А) повеќе од 5 години;
Б) повеќе од 10 години;
В) повеќе од 20 години.

ОДГОВОР
В) повеќе од 20 години.
Во 1995 година нашата држава станала дел од програмата на НАТО, Партнерство за мир.

61. Дали НАТО е присутна кај нашите соседни држави?

А) да;
Б) не;
В) кај некои од нив.

ОДГОВОР
А) да;
НАТО-алијансата е присутна во 4 од 5 наши соседни држави: Р. Грција, Р. Бугарија и Р. Албанија кои се членки на НАТО, а од 1999 година извршува своја мисија на територијата на Република Косово.

62. Дали НАТО имала свои интервенции на територијата на Република Северна Македонија?

А) да, само преку техничка обука;
Б) во време на конфликт;
В) не.

ОДГОВОР
Б) во време на конфликт.
НАТО интервенирала во 2001 година за време на конфликтот во тогашна Р. Македонија со цел да не добие поголеми размери.

63. Дали Република Северна Македонија има аспирации да стане полноправна членка на НАТО?

А) Да, меѓутоа со препреки од некои политики во одреден период;
Б) Не, нема аспирации да стане полноправна членка на НАТО;
В) Да, во целост е фокусирана кон членството во НАТО.

ОДГОВОР
В) Да, во целост е фокусирана кон членството во НАТО.
Од осамостојувањето на нашата држава Р. Македонија, на 8 септември 1991 година до денес, без разлика на политичките промени, сите носители на власт во нашата држава во целост се фокусирани кон членството во НАТО.

64. Дали освен во програмата Партнерство за мир, Република Северна Македонија учествува во некои поголеми или позначајни програми на НАТО?

А) во позначајните програми за партнерите на НАТО;
Б) во неколку локални програми;
В) во некои помалку значајни програми.

ОДГОВОР
А) во позначајните програми за партнерите на НАТО.
Освен програмата Партнерство за мир, нашата држава во 1999 година се приклучи на Акциониот план за членство. Во 2005 година земјата се приклучи кон Концептот за оперативни способности. Учеството во Програмата за зајакнување на образованието во одбраната, помага за подобрување на образованието и обуката, што е неопходно за напорите за реформа во одбраната на земјата. Во 2013 година Регионалниот центар за јавни работи во земјата, во Скопје беше признат како Центар за обука и едукација на партнерството, отворајќи ги своите активности за сојузници и партнери.

65. Како НАТО ги исполнува своите активности на територијата на Р.С. Македонија?

А) преку отворен центар за информации;
Б) преку конзулат;
В) преку канцеларија за врски.

ОДГОВОР
В) преку Канцеларијата за врски со седиште во Скопје, која функционира од 1999 година.

66. Дали НАТО има реализирано некакви активности на територијата на Р.С. Македонија?

А) да, неколку едукативни предавања;
Б) воени вежби и едукација на безбедносниот персонал во Р. С. Македонија;
В) транспорт на материјали.

ОДГОВОР
Б) воени вежби и едукација на безбедносниот персонал во Р. С. Македонија;
НАТО има реализирано воени вежби и едукација на безбедносните сили на територијата на Р.С. Македонија, од различен карактер во повеќе наврати. Таква е и воената вежба ,,Одлучен удар“, јуни – јули 2019 година, во која покрај нас како домаќини, учествуваа и Соединетите Американски Држави , Бугарија, Црна Гора, Албанија и Литванија.

67. Дали Република Северна Македонија учествува во мисии или активности на НАТО-алијансата?

А) да, само преку административен персонал;
Б) да, преку армиите на останатите држави како помошници;
В) преку административен и воен персонал.

ОДГОВОР
В) преку административен и воен персонал.
Република Северна Македонија има учествувано во различни активности и мисии на НАТО преку административен и воен персонал. Најпрепознатливо е учеството на нашата држава во мисијата на НАТО во Авганистан во подолг временски период.

68. Која би била најголемата придобивка на Република Северна Македонија како идна членка на НАТО-алијансата?

А) промоција на нашата држава;
Б) безбедносно вмрежување на државата;
В) склучување на договори за соработка.

ОДГОВОР
Б) безбедносно вмрежување на државата;
Безбедносното вмрежување на Република Северна Македонија во НАТО-алијансата значи безбедност на државата на долгорочен план.

69. Кој би бил најголемиот предизвик на Армијата на Република Северна Македонија?

А) поголема достапност до вооружување;
Б) промоција на армијата;
В) заеднички настап на нашата армија со армиите на НАТО.

ОДГОВОР
В) заеднички настап на нашата армија со армиите на НАТО.
Најголемиот предизвик на Армијата на Република Северна Македонија е заедничкиот рамноправен настап со армијата која се простира на три континенти –НАТО.

70. Кои се реалните придобивки од идното членство на Република Северна Македонија во НАТО?

А) Подобрување на инфраструктурата, економијата, продлабочена соработка со членките на НАТО;
Б) поголема шанса за меѓународна соработка.

ОДГОВОР
А) Подобрување на инфраструктурата, економијата, продлабочена соработка со членките на НАТО;


БОНУС ПРАШАЊЕ
71. Во која фаза на пристапување е нашата држава во текот на 2019 година?

А) Сѐ уште е активна во програмите на НАТО;
Б) Без поголеми промени во однос на преговорите;
В) Доби покана да ги започне преговорите за членство.

ОДГОВОР
В) Доби покана да ги започне преговорите за членство.
На Самитот во Брисел во јули 2018 година, сојузниците ја поканија Република Северна Македонија да ги започне разговорите за пристапување за влез во НАТО.

ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

администрација – управа, управување, раководење, управна власт

аспект – изглед, глетка, гледиште

аспирација – желба, стремеж кон нешто

алијанса – спогодба, здружување, писмен договор за сојуз на држави

буџет – пресметка на приходи и расходи на одредена институција, град, држава

дијалог – разговор меѓу двајца

држава — множество на институции кои ја имаат моќта да ги создаваат правилата кои владеат со луѓето во едно или повеќе општества

економија – организација на едно стопанство, водење на едно стопанство, имот или семејство

етапа – дел од времето, развоен степен, дел од одредено растојание

знаме – симбол на држава, народ, организација. спортски клуб и сл. широко парче платно со определена боја или комбинација на бои и оп-ределен знак (обично прицврстено на стап или на копје)

историја – наука што го проучува, истражува минатото на еден народ, на една територија или светот, воопшто

климатски промени – промени во атмосферата, промени во поднебјето на некое подрачје, регион, континент

комунистички блок на земји – земји со еднопартиски комунистички систем на уредување

компас – справа со вградена магнетна игла што ги покажува страните на светот

консензус – заеднички донесена одлука на сите членови или учесници, општа согласност

континент – дел од светот, голем копнен простор на Земјината топка

контрибуира – плаќа данок, го плаќа својот дел од трошоците, допринесува

култура – достигања во општеството, духовниот живот, науката, уметноста на еден народ или некое подрачје

локална власт– власт на одредена територија или место

морнарица – име за вид на вооружени сили кои се наменети за воени дејства на море и во внатрешните води со помош на бродови или на други пловни објекти

наука — систем кои ги гради и организира знаењата во облик на проверливи објаснувања и предвидувања за универзумот

пакт – спогодба од меѓународно значење, сојуз (често воен сојуз)

партија – организација на луѓе со исто мислење, дел од некоја целина, дел од општествена игра, дел од музичко дело

партнер – соучесник во некоја игра, деловен потфат, деловен соиграч, потписник на договор со заедничка цел

процент – стоти дел од некој број или некое количество

регрутира – (преносно) придобива нови приврзаници за некоја идеја, наговара, врбува

сектор – дел од круг, дел од воен фронт, подрачје

сојуз – заедница од различен карактер, спортски, правен, воен.. кој работи под заеднички правила

спектар – збир на разнобојни зраци

стратегија – наука за воената вештина, начин на војување

тенденција – стремеж кон нешто, стремење

тероризам – вршење терор, владеење со заплашување, тиранство

Што знаеме за НАТО?
70 ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ по повод 70 годишнината од основањето на НАТО

Издавач: ГАУС Институт – Битола

За издавачот: Проф. д-р Игор Неделковски

Автор: Александар Велјаноски, професор по историја

Педагошки консултант: Весела Богдановиќ, одделенски наставник

Јазична редакција: Љубица Севдинска

Рецензенти:

Бранко Дракалски, генерал во пензија, бивш воен претставник на Република Северна Македонија во НАТО

Проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правен факултет, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола