Ментор/Автор | Професија | Училиште и град |
Кристина Стојанова | Ликовен педагог | ОУ„Гоце Делчев“Битола |
Ученички тим | 1. Сара Илиевска 2. Матеа Василевски 3. Дејан Кузмановски 4. Елена Палашовска |
Возраст на децата креатори на играта | 14 години |
Возраст/и на деца за кои ја предлагате играта | 12-18 години |
Упатство за игра- Чекори и правила за игра
Правила на играта:
- Играта е составена од две слагалици со различни слики кои содржат по 35 парчиња, односно вкупно 70 парчиња за двете слики;
- Играчите се делат во две групи со по еднаков број играчи;
- Во склоп на играта се 70 картички со различни прашања и одговори поврзани со НАТО;
- Играта започнува така што секоја група добива слика која треба да ја состави и 35 парчиња од слагалицата;
- Едната група извлекува картичка со прашање кое другата група треба да го одговари;
- Може да се побара прашањето да биде прочитано уште еднаш;
- Со секој точен одговор се добива парче од слагалицата и истата се составува, а играта продолжува така што следната група извлекува прашање,
- Со погрешен одговор картичката со прашање се враќа на дното на картичките, а играта ја продолжува следната група;
- Групата која прва ќе ја состави слагалицата е победник;
Играта е составена од:
- 2 слики на тематика НАТО;
- 70 парчиња од слагалица кои вклучуваат две слики;
- 70 картички со различни прашања;