СОУ „Методи Митевски Брицо“ – Лозово, Давор Георгиевски VII-2 одделение

НАТО – само збор или …

Јас сум дете, ама имам многу прашања или нешта кои не можам да ги дефинирам, а сепак сакам!

Сакам да знам многу за овој свет што ме опкружува, се  е ново и непознато за мене .

Слушам и гледам на телевизија, ама и  кога и моите родители разговараат и некогаш полемизираат, јас ги слушам ама не знам кој е во право!

Би сакал да знам и за нешта за кои моите родители викаат дека не треба да брзам, има време задачите со многу непознати сами по себе да се решат.

За мене зборот Нато значи слобода.Јас тој збор го подразбирам  како слободно живеење без навреди каков  си,што си,од кај си!

Треба да го живееме  животот слободно без да се делиме по вера,боја и нација.Сложно да живееме и да се дружиме,да владее една хармонија со игри,смеа и песни.Слободата е нешто најубаво во  животот ,  а тоа е слободно да чекориш напреди да одиш во било која земја и да се чувствуваш  среќен.Но,  затоа треба да живееме во мир ,љубов,слога, а не  со љубомора  и навреди еден кон друг.Животот е драгоцен затоа треба да одиме напред  и гордо со крената глава да постигнуваме успеси.Успехот  се постигнува со  учење и знаење,затоа треба да учиме да истражуваме за подобра иднина во нашиот живот.

Сакам и јас да бидам дел од Нато, да бидам во Брисел и гордо да помагам и на мојата земја.

Давор  Георгиевски  7-2  одделение

ООУ „Методи Митевски  -Брицо“ – Лозово

Ментор: Китанова Ленче

Leave a comment